Македонија
„Врти им на Војче и на Љубинка од антикорупциска да отворат предмет за Б.Ц.“, бара Јанкулоска од Котевски
Во разговор од 2011 година ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на експомошник-министерот во МВР, Иво Котевски, му дава нарачки да врти кај членови на антикорупциската комисија за да отворат предмет за имотот во Корчула на сопругата на експретседателот на државата, Бранко Црвенковски.
„Ај види антикорупциска да имаат предмет за Б.Ц. Охрабри ги веднаш. На Војче, на Љубинка, сврти им“, му вели Јанкулоска на експолицискиот портпарол Котевски, кој ѝ ветува дека ќе сврти кај Војче.
Во претходните разговори Јанкулоска вртела на телефони во Белград за потврда дали сопругата на Бранко Црвенковски, Јасна, поседува имот во Хрватска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

