Македонија
(Видео) Јовески: До крајот на денот ќе заврши преземањето на предметите од СЈО
До крајот на денот се очекува да заврши преземањето на предметите од СЈО во надлежност на Републичкото јавно обвинителство, кажа државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Процесот на преземање почна утринава.
„Очекувам до крајот на денот процесот на преземање на предметите да заврши“, рече обвинителот и додаде дека од следната недела ќе се договараат техничките детали.
Тој појасни дека предметите по преземањето ќе бидат распоредени по обвинителства и по обвинители, а дотогаш предметите кои се во фаза на судење остануваат кај обвинителите од СЈО.
„Приоритет ќе имаат предметите што се во фаза на судење”, рече Јовески.
Тој, исто така, кажа дека нема пречка за бомбите да се користат како доказ во постапките пред судовите по преземањето на предметите.
„Тие докази ќе ги користиме. Одбраната може да има и друго мислење, а судовите ќе ги донесуваат одлуките“, посочи шефот на републичкото обвинителство.
Јовески појасни дека функциите на обвинителите во СЈО мирувале додека работеле во ова Обвинителство, па Советот на јавни обвинители ќе ги врати во обвинителствата од каде што дошле.
Преземањето на предметите доаѓа по писмото од специјалната обвинителка, Катица Јанева, која од притворот во Шуто Оризари, побара работата на СЈО фактички да премине во рацете на ЈОРМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)
Македонија
Облачно со повремени локални врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

