Македонија
Љубов на Нептун-начин

Секој сака подароци. Нема ништо подобро од тоа да го направиш среќен оној што го сакаш. Но, доколку сте во дилема и не знаете што да им подарите на саканите, посетете ги Нептун продавниците или веб-страната на www.neptun.mk за да најдете голем број на производи по одлични цени, бројни попусти, оригинални подароци и супер идеи токму по повод 14 Февруари, Денот на вљубените.
Овој убав, неформален празник е вистинско време за подарување, а во Нептун ќе најдете епилатори, фенови, пегли за коса и тримери од врвни брендови за вашите дами. Издвојуваме и врвни модели на мобилни телефони по одлични цени, што без исклучок ќе израдуваат секого. Ако вашата љубов е технолошки фан, убедени сме дека ќе го израдуваат матични плочи, графички картички, процесори и дискови. А ако не можете да се одлучите, во продавниците на Нептун секогаш ќе наидете на поддршка од едуцирани, професионални и обучени продажни асистенти за стручна помош при изборот.
Паметен часовник е наш фаворит за подарок и за него и за неа, бидејќи моќната технологија што ја поседуваат, овозможува безброј поволности и удобности за секого. Опремата за игри е исто така одличен подарок за сите гејмери, предлог е гејмерска опрема со врвни перформанси и функционалности. За добра атмосфера потребен ви е добар звучник, не можете да згрешите, а во Нептун ќе најдете модели за сечиј буџет.
Псссссс! Нептун Македонија имаат и сензуални подароци за парови, за вас имаме уште неколку смели предлози со кои може да го зачините овогодинешниот Ден на вљубените. Понудата е огромна, цените пристапни, а доставата дискретна. Зачинете ја вашата врска и уживајте во љубовта и сензуалноста.
Љубовните попусти во Нептун Македонија траат до 23.02.2025 и важат во сите продавници и на веб-страната на Нептун.
А за да заштедите време, ја препорачуваме мобилната апликација на Нептун Македонија, која го прави купувањето уште побрзо, поедноставно и побезбедно. Достапна е за сите мобилни уреди, и е совршен асистент за паметно купување. Само поставете си нотификации и известувања за попусти и сигурни сме дека ќе најдете многу решенија за вашите љубовни проблеми.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Владата на Мицкоски направи хаос и задолжи три генерации

Опозициската СДСМ денеска со реакција на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека неговото признание за слабостите на Владата доаѓа предоцна и дека за десет месеци владеење, ВМРО-ДПМНЕ направила „непоправливи штети“ во државата.
„Касно е признанието на Мицкоски дека Владата му е катастрофа. Штетите што ги направи за неполна година се непоправливи, а иднината на граѓаните и нивниот стандард се уништени“, наведуваат од СДСМ во соопштението.
Оттаму обвинуваат дека Владата за краток период „ја уништила економијата, го срозала стандардот и ги закопала перспективите“, без да реализира ниту еден сопствен проект.
„Сѐ што направија е што се шетаа со приватни авиони и бизнис-класи, јадеа манго и папаја, и ја задолжија државата за три генерации. Денес гордо се сликаат пред инвестиции што ги започна СДСМ“, велат од партијата.
Според нив, во јавноста постои „огромно незадоволство“ од политиките на Владата, што, како што посочуваат, ќе се одрази на следните избори.
„Мицкоски не е ни свесен за гневот меѓу граѓаните. Затоа сега најавува победи – затоа што знае дека задоволството од неговата работа паѓа од ден на ден“, стои во реакцијата на СДСМ.
Македонија
И Фетаи го напушта Таравари: Нема враќање како ништо да не било, ДУИ ќе се соочи со вистината

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок функционер на Алијансата за Албанците, Арбен Фетаи, со емотивна порака им се обрати на членовите, симпатизерите и поддржувачите на партијата, нагласувајќи дека оваа политичка структура не е само партија, туку чувар на идеал и кауза која никогаш не се предала.
„Вие што ја изградивте оваа Алијанса со труд и посветеност, дури и кога сè беше против нас. Вие што бевте прогонувани поради вашите политички убедувања и не се предадовте повеќе од 20 години. Вие што не дозволивте Алијансата да стане алатка за лични интереси“, истакна Фетаи.
Во обраќањето, тој посочи дека се доближува момент на историска одлука и дека членството и гласачите јасно бараат правда, чист пат и достоинствена иднина.
„Не можеме да живееме во минатото. Мора да ја изградиме иднината со истрајност и достоинство“, порача Фетаи, додавајќи дека не смее да се дозволи враќање на Демократската унија за интеграција (ДУИ) „како ништо да не се случило“.
„ДУИ мора да се соочи со вистините што ги избегнуваше две децении. Ова не е борба за поединец, ова е борба за достоинството на сите нас“, рече тој.
Фетаи порача дека неговиот глас е гласот на членовите и на сите оние што не се предаваат и не се продаваат:
„Ние сме гласот на патот на Арбр. А тој пат никогаш не минува преку Али Ахмети или преку некој што не ѝ го посакува доброто на нашата заедница.“
Обраќањето заврши со порака за гордост, истрајност и непокорност:
„Ви благодарам на сите. И останете горди.“
Македонија
„Национални шуми“ превентивно расчистуваат терени и прават обрачи против пожари

Вработените во Јавното претпријатие „Национални шуми“ активно расчистуваат шумски терени и поставуваат заштитни обрачи со механизација, во обид да се спречат катастрофалните пожари какви што ја зафатија земјата минатото лето, кога изгореа илјадници хектари шума, а беа уништени животи на дивеч и птици.
Заменик-директорот на претпријатието, Кире Михаилов, објаснува дека оваа пракса веќе дала резултати.
„Лани, со поставување на заштитни обрачи успеавме да спречиме целосно опожарување на неколку села под планината Серта“, изјави Михаилов.
Во тек се активности за расчистување на постојните шумски патишта, нивна санација, како и отворање нови пристапи до ризичните зони.
„Тоа значи правење на заштитни обрачи за заштита од евентуални пожари“, додава Михаилов.
Паралелно, се работи на изготвување Национална стратегија за заштита од пожари, преку владини работни групи. Михаилов признава дека ниту една институција во државата досега не била целосно подготвена да се справи со огнената стихија.
„Стратегијата ќе предвиди набавка на нова опрема и возила, бидејќи состојбата е алармантна – нашите луѓе лани гаснеа пожари буквално со влечки, без соодветна опрема, без обезбедено здравствено покритие“, потенцира тој.
Според податоците на Европскиот информациски систем за шумски пожари (Коперник), во текот на минатата година во земјава биле опожарени над 94.000 хектари површина.