Македонија
Љутков: Муралот „Илинден 1903“ од Лазески е културно наследство што ја воспева херојската борба на македонскиот народ

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчера во Музејот на македонската борба ја отвори изложбата „Анатомија на муралот Илинден 1903“ од академскиот сликар Борко Лазески, посветена на одбележувањето на двата големи празника од нашата историја – 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ).
Министерот Љутков во своето обраќање истакна дека изложбата е пример за тоа како уметноста може да го раскаже минатото, да ја заживее историјата, да го пренесе борбениот дух на Македонците.
– Токму муралите на нашиот современ академски сликар Борко Лазески, како визуелна форма на уметноста, се историска хроника за најзначајните моменти во нашата историја врежани во боја и форма, каде што во секој детаљ може да се почувствуваат слободата и страста на оние што го оствариле својот сон. Тие се потсетник за тоа што сме постигнале и каков пат сме поминале како нација – истакна Љутков.
Овој мурал – додаде тој – не само што ни ги пренесува настаните од еден историски период, туку и ни помага да ги разбереме и да ги цениме вредностите за кои се бореле нашите претходници.
– Ова дело е уметничка анализа за обичните луѓе кои се претвориле во херои, за нивната пожртвуваност и нивните надежи. Истовремено е и инспирација за идните генерации нудејќи им можност да ја почувствуваат и да ја разберат борбата за слобода на начин што ги надминува традиционалните историски наративи – рече министерот за култура и туризам.
Љутков потенцираше дека е горд на нашето културно наследство и на делата што ги промовираат и ги зачувуваат нашите историски настани и личности. Нашата улога е, додаде тој, да ги поддржиме и да ги охрабриме ваквите иницијативи, кои не само што го збогатуваат нашето културно богатство туку и ја зајакнуваат нашата национална свест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, соопшти Државната изборна комисија.
Вкупно 8.848 болни или немоќни лица, како што велат од ДИК, можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори.
Со почеток во 7:00 часот во 14 казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 2162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор.
Од ДИК информираат дека 442 лица сместени во установите за вонсемејна грижа своето право на глас може да го остварат во вкупно 13 центри за вонсемејна грижа.
Гласањeто денес започна во 7 часот утринава, а завршува во 19 часот.
Македонија
Од средината на следната недела ќе биде потопло

Следува период на стабилно време, освен во среда, кога ќе има локални врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе биде во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Макималната температура ќе достигне до 16 степени.
Македонија
ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта.
Јавен обвинител, како што соопшти денеска Основнот јавно обвинителство, на 16 октомври извршил увид на лице место во присуство на вешто лице од градежната струка.
„Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на околностите под кои се случил настанот“, стои во соопштението на ОЈО.
При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро беше срушен јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од куќа заштитена како културно наследство.
Министерот за култура најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Малевски со цел да се зачува автентичниот изглед и историјскиот дух.