Економија
Ќе ги објавиме називите на фирмите што нема да ги почитуваат мерките, порача директорот на Пазарната

Директорот на Пазарната инспекција, Горан Трајковски, им порача на трговците дека јавно ќе ги објави нивните називи доколку не ги почитуваат одлуките на Владата со кои треба да се намалат цените на лебот, млечните производи, тестенините. Тој го повтори ставот дека одлуките на Владата се исправни. Досега немало нерегуларности во маркетите.
„Во моментот до сега има намалување на цените, повеќе од 16о инспектори се на терен, како што кажав претходно, во текот на денот ќе излеземе со подетаљни информации. Апелирам како директор бидејќи имаше шест дена период да се приспособат трговците за почитување на оваа одлука и апелирам тоа да го направат бидејќи според Законот за трговијата санкциите се високи, од 800 до 10 илјади евра, а ние како ДПИ, без никаква селекција, ќе ги вршиме надзорите максимално до крај и по закон“, вели Трајковски.
Тој посочи дека утрово немало непочитување на владините одлуки.
„Од утринава до сега нема нерегуларности, но како што кажав, пред сè, би сакал да го почекам да го добијам детаљниот извештај до крајот на денот, па во текот на денешниот ден или утре да излеземе со подетаљни информации и доколку има, ние како ДПИ ќе ги објавиме со називите на субјектите каде што има бидејќи овие одлуки се во интерес на граѓаните. ДПИ како и до сега, така и од сега постапува со полн капацитет и повеќе во текот на денот по увидување на фактичката состојба, ќе можеме да дадеме подетаљни информации“, додаде Трајковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Лукаревска: Од мај поврат на ДДВ од 2.100 денари-Пратениците дадоа зелено светло

Пратениците дадоа зелено светло за измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од ДДВ-то на физичките лица, напиша на социјалните мрежи Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи.
Со оваа измена, како што дополнува Лукаревска, се овозможува зголемување на прагот на поврат на дел од ДДВ-то од 1.800 на 2.100 денари за едно тромесечје.
„Првите зголемени суми, корисниците на апликацијата #МојДДВ ќе ги добијат со исплатите во мај за скенираните фискални сметки во периодот јануари – март 2023 година“, потенцира во напишаното Лукаревска.
Економија
Намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,60 % во однос на одлуката од 17.3.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 0,541 %, кај дизелот 1,152 %, кај екстра-лесното масло 1,318 % и кај мазутот има намалување од 2,660 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,077 %.
Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 1,50 денар/л, а малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 0,50 денари/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 1,649 денар/кг и сега ќе изнесува 38,130 денари/кг.
Од 21.3.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 38,130 (денари/килограм)
Економија
Бектеши: Дизелот ќе падне под 75 денари, се враќаме на цената од ланскиот февруари

Само за една недела цената на дизелот бележи намалување од 4,5 денари. Министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека трендот на намалување ќе продолжи и оваа недела.
„Се враќаме на цената од февруари минатата година, цената на дизелот ќе биде под 75 денари“, вели министерот Бектеши.
Бектеши очекува намалените цени на горивата да ја намалат и инфлацијата.