Македонија
Ќе отвориме и македонска паралелка во албанско училиште во општина Чашка, вели Шаќири

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, рече дека во Општина Чашка ќе отвори и македонска паралелка во албанско училиште откога родители на деца од училиштетото „Тодор Јанев“ во оваа општина му предложиле децата за кои тој даде согласност да учат на албански јазик во новоформирана паралелка да учат на мајчин јазик во селото Сливник.
Се работи за четири деца, кои, ако сакаат да учат на мајчин јазик, што им следува според Уставот, да не учат во истиот простор, туку во населено место Сливник во Велес.
„Како да прифатам за четири ученици да патуваат затоа што некој сака и прави проблем за образовниот процес, нема да го прифатам тоа“, истакна Шаќири, но рече дека ќе продолжи да бара решение што не сака да биде сфатено како политика затоа што во општина Чашка коалираат СДСМ и ДУИ исто како и на централно ниво.
„Ако тие даваат предлог според кој децата имаат право да учат на мајчин јазик, јас ќе го прифатам. Им реков ако сакате и барате да се отвори македонска паралелка во Долно и Горно Јаболчиште, каде што најголем дел или 100 % се албански деца, не е проблем – ќе отвориме. Ние наместо за меѓуетничка интеграција да зборуваме, кај нас има уште училишта што не им го дозволуваат уставното право на децата“, додаде Шаќири.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„СДС да престане да ја понижува државата“, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Одењето со глава во ѕид од страна на СДС, веќе можеме да го приметиме по коментарите од бугарските власти дека уставните измени не се последно нивно барање. Иако секојдневно, од СДС како да не пратат вести и коментари од Бугарија, продолжуваат со нивниот безобразен ПР каде што велат дека со спроведување на уставните измени, влегуваме во ЕУ, а знаеме дека не е воопшто така“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Министерот за надворешни работи на Бугарија, излезе и кажа дека уставните измени не се последното нивно барање, туку дека ќе има и други.
Знаејќи го ова СДС, ги бранат бугарските позиции кои се од најголема штетност врз македонскиот народ, само за да им се допаднат на Бугарите.
Во немањето решение и излез од ситуацијата, СДС само се понижуваше себеси и Македонија како држава. Велеа дека Гоце Делчев е Бугарин, а македонскиот јазик, бугарски.
Затоа, граѓаните ги казнија и јасно им порачаа дека не треба тие да им ја водат државата во бездна. ВМРО-ДПМНЕ гордо и достоинствено ја претставува Македонија на меѓународно поле!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Опожарена површина од околу седум хектари со трска во Охрид

Вчера попладне во 17.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека во месноста „Трно“ во близина на улицата „Прилепска“ во Охрид била опожарена површина од околу седум хектари со трска.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
Македонија
СДСМ бара оставка од Љутков „за хаосот во културата“

„СДСМ најостро реагира на катастрофалното раководење со културата од страна на министерот Зоран Љутков, кој остави над 3.000 културни работници без плата додека најавува распродажба на културното наследство под концесија. Ова е дното, ова е институционалната негрижа за културата, за културните работници и за нашето културно наследство“, велат од СДСМ.
„Сака ли ДПМНЕ македонските свети места да завршат во туѓи портфолија само за некој лично да профитира?
Ова ли е новото нормално со разнебитување на културата?
СДСМ е на страната на граѓаните и нема да дозволи разнебитување на културното наследство.
СДСМ бара: Оставка и политичка одговорност од Љутков за хаосот што го направи во културата; Повлекување на срамните изјави за приватизација на културното наследство; Итна исплата на мартовската плата за сите културни работници.
Културата и културното наследство не се трговска роба. Културата, не е зделка. Археологијата не е парцела. Оваа земја има народ што памети – и што не заборава“, се наведува во соопштението на СДСМ.