Македонија
Џафери да не го злоупотребува Деловникот, благодарност до вмровските пратениците, власта е делегитимирана се трите заклучоци на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/fVR8S-.png)
Антонио Милошоски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ рече дека на седницата на Извршниот комитет која е во тек, се донесени три заклучоци поврзани со предложените владини уставни измени во Собранието во однос на актуелната политичка состојба.
„Првиот заклучок беше поддршка и благодарност од страна на извршниот комитет за сплотеноста на пратеничката група и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМЕ кои покажаа дека ја почитуваат волјата на народот и се против вакви наметнати уставни измени под диктат од официјална Софија. Втората тема е апел и барање до претставникот на Собранието да не го злоупотребува деловникот, тој е таму на таа позиција за да овозможи да се носат одлуки без разлика дали тие и се допаѓаат или не на власта. Тоа што Ковачевски и Ахмети се разочарани што немаат едвај 70 пратеници, не значи дека на другите пратеници не треба да им се дозволи да гласаат и да се види дека оваа иницијатива е пропаднат проект на СДСМ и ДУИ“, посочи Милошоски.
Третитот заклучок на ИК е дека сегашната власт е делегимирана, а решенито се предвремени парламентарни избори.
„Не нудат решенија создаваат проблеми, излезот е предвремени парламентарни избори во текот на оваа година. Тоа би требало да се договори со консенуз. Ќе продолжиме и во Собранието со сите демократкси алатки да се трудиме да предизвикаме предвремени парламентарни избори“, рече Милошоски.
Седницата доага непосредно по собраниската седница за уставните измени, на која не се гласаше за потребата за отворање на Уставот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.