Контакт

Македонија

Џафери: Ќе бидеме во постојано заседание до распуштање на Собранието

Објавено пред

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, даде пауза од еден час по што собраниската дискусија по предлот-законот за ЈО ќе продолжи. Тој посочи дека од продлжението законодавниот дом ќе биде во постојано заседание сè до распуштањето в недела, што практично би значело дека пратениците ќе работат 24/7.

„Ве информирам дека ќе продожиме со работа и по 18 часот, што значи дека од овој момент, по продолжението во 18 часот, ќе бидеме во постојано заседание до распуштање на Собранието“, рече Џафери, на што некои од пратениците се смееја.

Претседателот Џафери повика сите пратеници да бидат во салата на продолжението од седницата бидејќи претходно половина од нив не беа внатре.

„Пауза до 19 часот, а потоа ги замолувам координаторите, фејсбук-мајсторите да бидат овде, а не да шетаат. Да бидат овде, а режијата да си ја прикаже салата, а не да држат предавања на ‘Фејсбук’. Овде да дојдат на постојано заседание од 19 часот“, додаде Џафери.

Македонија

СДСМ: Владата спроведува мерки од 200 милиони евра за зачувување на секое работно место

Објавено пред

Владата спроведува мерки од 200 милиони евра за зачувување на секое работно место, а ВМРО-ДПМНЕ сака да земе пари од граѓаните, велат утрово од владејачкиот СДСМ преку соопштение.

„Владиниот пакет на економски мерки вреден 200 милиони евра со цел ублажување на економскиот удар предизвикан од коронакризата, е утврден врз основа на сериозни и темелни анализи преку коишто Владата ги дефинираше бројките на загрозени работни места и компании.

Оттука, пакетот опфаќа помош за најмалку 250.000 работници и околу 35.000 компании, што е скоро 50% на регистрирани правни субјекти во приватниот сектор .

Економските мерки овозможуваат помош за работниците, за стопанството, за микро, малите и средните претпријатија, за дуќаните, занаетчиите, за спортистите и уметниците и за сите граѓани кои се дел од неформалната економија.

Зачувувањето на секое работно место е од клучно значење и затоа се обезбеди помош од 14.500 денари приход за сите што ќе бидат погодени од кризата. По принципот на солидарност функционерите на државни и јавни институции во нареедните два месеца ќе примаат минимална плата од 14.500 денари.

Јасна е разликата помеѓу преземените мерки на Владата коишто обезбедуваат месечна поддршка од 60 милиони евра и предлозите на ВМРО ДПМНЕ со срамна поддршка за скоро 50% помалку од тоа што ние го обезбедуваме.

Моделот предложен од страна на ВМРО ДПМНЕ и категоризацијата на бизнисите според нивото на претрпени штети и добивање на поддршка ги става во поповолна состојба сите подобро платени работни места, наспроти пониско платените работни места.
Сите анализи и фактите го покажуваат дека мерките што ги предлага ВМРО ДПМНЕ се несериозни и неодговорни.

Тоа значи значително помалку средства вбризгани директно во стопанството, помалку пари кај граѓаните, намалување на потрошувачка, но и помалку задржани работни места . Затоа што со помала поддршка, компаниите се склони полесно да се откажат од работниците.

И во ова тешка здравствена и економска криза, несериозноста на ВМРО ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски кои се научени само да земаат оди до таму што сакаат да им ги земат парите на граѓаните од вториот пензиски столб.

Ова е време кога солидарноста треба да се покаже на дело, да даваме таму каде што нема, да кратиме на непродуктивни трошења и намалување на платите.

Уверуваме дека никој не е сам и никој нема да биде заборавен. Државата е тука за сите граѓани и прави се за сите полесно да ја пребродат кризата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево време со температура до 17 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во јужните делови ќе се задржи пооблачно време.

Ќе дува умерен североисточен ветер, особено во источните делови каде повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје сончево со умерена, а попладне со мала облачност. Ќе дува умерен североисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 17 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Одговарајте точно на прашањата на лекарите и епидемиолозите

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, сподели фотографии на социјалните мрежа и порача дека треба да се одговара точно  на прашањата на лекарите и епидемиолозите за да се заштити здравјето на сите.

„Ова се дел од моите колеги кои неуморно работат на пунктовите за тестирање. Од нив зависи јавното здравје, од нив зависат нашите животи. Одговарајте точно на прашањата на лекарите и епидемиолозите – со тоа го штитите вашето, но и нивното здравје. Оваа борба зависи од секој од нас. Сега, како никогаш досега, треба да покажеме одговорност. Им благодарам на сите колеги кои го вложуваат целиот труд. Им благодарам на сите граѓани кои доследно ги почитуваат препораките и мерките. Издржете, ќе ја пребродиме оваа криза и ќе излеземе посилни“, напиша министерот Филипче на „Фејсбук“.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Шефот на унгарската дипломатија во Скопје ќе предаде помош за справување со коронавирусот

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, на негова иницијатива денеска во работна посета на земјава, за...

Свет11 час

Премиерот на Британија повторно во болница, откако беше заразен од коронавирусот

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва бил пренесен во болница за да му бидат извршени дополнителни испитувања,  откако пред 10 дена...

Свет11 час

(Видео) Британската кралица: Ја разбирам вашата болка и тага, заедно ќе ја надминеме кризата

Самодисциплина и решителност е пораката која британската кралица Елизабета Втора вечерва им ја испрати на Британците во овие тешки моменти...

Свет12 часа

Ирскиот премиер ќе работи една смена како лекар за време на пандемијата

Ирскиот премиер Лео Варадкар, кој инаку е доктор по професија, повторно се пријави за лекарска пракса и ќе работи една...

Македонија17 часа

Кумановец починал во Градската болница „8 Септември“, Филипче најави зајакнување на мерките

Освен 63-годишното лице од Лабуништа, кое починало на Инфективната клиника како последица на коронавирусот, во последниве 24 часа уште едно...

Македонија18 часа

Се очекува пикот на коронавирусот, Куманово засега е најкритично

Бројот на заболени од коронавирусот очекувано расте, иако големо изненадување е Куманово, град кој во изминативе 24 часа ја надмина...

Македонија19 часа

Еден пациент почина, 73 новозаболени и тројца излекувани од коронавирус

За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата, од кои најголемиот број во Куманово. По градови:...

Македонија19 часа

Јованоски: Во Прилеп 33 случаи на коронавирус, во Крушево два

Бројот на лица инфицирани со коронавирусот во општина Прилеп се искачи на 33, откако денеска беа потврдени девет нови случаи,...

Свет21 час

Сперанца: Кризата ќе заврши само кога ќе се најде вакцината, дотогаш треба да се создадат услови за соживот со вирусот

Италијанската влада подготвува план од пет точки за контролирано отворање на земјата кога епидемијата на коронавирусот ќе почне да покажува...

Регион21 час

Грција стави во карантин уште еден мигрантски камп

Грција стави во карантин уште еден мигрантски камп откако е потврдено дека еден 53-годишен маж е позитивен на коронавирус. Авганистанецот...

Македонија22 часа

МТСП: Породилното отсуство се продолжува

Министерството за труд и социјална политика информира дека се продолжува периодот на платено отсуство од работа поради нега и одгледување...

Македонија22 часа

(Видео) Уапсени 12 лица во Куманово поради непочитување на полицискиот час

Во периодот од 21 часот на 03 април, петок, до 07 часот утринава, на подрачјето на Куманово регистрирани се 14...

Свет23 часа

Кина повеќе не е во првите пет земји во светот по бројот на заболени од коронавирус

Во светот бројот на заразени лица со коронавирус е 1.203.859, бројот на починати е околу 64.787, од ​​кои само 40.000...

Свет24 часа

Трамп: Следната недела ќе биде најтешка

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предупреди дека во неделата која следи бројот на смртни случаи од коронавирус во земјата постојано ќе...

Македонија1 ден

МЗ: Земјава има 4.500 тестови за коронавирус, а резервите секојдневно се надополнуваат

Анализите покажуваат дека сме втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на еден милион жители, соопшти...

Регион1 ден

Во Словенија 934 заболени од коронавирус и 22 починати, направени се 25. 921 тестови

Еден месец од првиот потврден случај и 21 ден по првиот смртен случај, во Словенија бројот на заболени од коронавирус...

Европа2 дена

Шпанија ја продолжи вонредната состојба

Владата на Шпанија објави продолжување на вонредната состојба за дополнителни 21 дена откако бројот на заразени со коронавирус достигна околу...

Македонија2 дена

(Видео) Кога и како се носат маските за вистински да се заштитиме од коронавирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, на „Фејсбук“ објави видео на кое е прикажано како правилно се носат маските за вистински...

Македонија2 дена

ДСЗИ спроведува вонреден инспекциски надзор за смртта на починатиот велешанец

Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор во однос на причината за велешкиот пациент кој почина пред неколку дена,...

Македонија2 дена

Потврдени нови 53 случаи на коронавирус, вкупниот број на починати се искачи на 17

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483...

Досие