Контакт

Македонија

Џафери констатира шест месеци неоправдано отсуство на Груевски

Објавено пред

Претседателот на Собранието Талат Џафери испрати допис до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања со кој ја известува дека пратеникот Никола Груевски неоправдано бил отустен од седниците на Парламентот повеќе од шест месеци, потврдија од собраниската прес-служба.

Според член 59 од собранискиот Деловик, за пратеникот кој неоправдано отсуствувал од седниците на Собранието повеќе од шест месеца, претседателот на Собранието ја известува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Предлог за одземање на мандатот на пратеник во овој случај, поднесува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во рок од 15 дена од денот на добивањето на известувањето од претседателот на Собранието, а по нејзиниот предлог за одземање на мандатот на пратеникот, Собранието води претрес на првата наредна седница.

Како што се наведува во членот 59, претресот може да заврши со донесување одлука за одземање на мандатот на пратеникот или со заклучок дека нема елементи за одземање на мандатот на пратеникот.

Двотретинското мнозинство кое е потребно да се одземе мандатот сепак е неизвесно, бидејќи од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ , не откриваат дали ќе гласаат за одземање на мандатот на почесниот претседател на партијата.

Ова може да биде втора шанса да се одземе мандатот на Груевски по неуспешниот обид во ноември , само неколку дена пред бегството на Груевски , кога на 9 ноември се гласаше за одземање на мандатот, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ заедно со исклучените пратеници од оваа партија беа „против“. Тогаш основа беше барањето од кривичниот суд за симнување на мандатот, бидејќи имаше правосилна пресуда од 2 и пол години затвор, за предметот „Тенк“ .

Никола Груевски во ноември 2018 избега во Унгарија каде доби статус на политички азилант. МВР, Обвинителството и другите надлежни институции се уште не откриваат детали до каде е истрагата за бегството на Груевски , кој е одговорен , дали некој му помогнал и дали имало пропусти во бебзедносниот систем.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Владата: Управниот суд пресуди дека раскинувањето на договорот за „Казандол“ е законито

Објавено пред

Владата информира дека Управниот суд донел пресуда дека едностраното раскинување на договорот за изградба на рудникот „Казандол“ од страната на Владата е законито.

„Владата на Република Северна Македонија информира дека Управниот суд, одлучувајќи по тужбата на тужителот Друштво за експлоатација, преработка, и производство САРДИЧ МЦ ДОО, увоз-извоз, Скопје против Одлуката на Владата од 27.3.2018 година, за едностран раскин на Договорот за изградба на рудник во локалитетот ‘Казандол’, донесе пресуда одбивајќи ја тужбата како неоснована“, информираат од Владата.

Пресудата на Судот станала правосилна на 14 мај. Во неа се вели дека Владата правилно го применила материјалното право, кога на тужителот „САРДИЧ МЦ“ еднострано му го раскинала Договорот за концесија.

„Причините кои се сметаат за основани, се додава во пресудата, е тоа што концесионерот во рокот од две години до денот на доделувањето на концесијата во смисла на членот 13, став 1 од договорот, не ги исполнил обврските да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да процесира најмалку 50 проценти од експлоатираната руда и после две години од почнување со експлоатација на вториот рудник да изгради фабрика за производство на финални производи од катоден бакар со капацитет најмалку еднаков на годишниот капацитет на постројката за експлоатација на катоден бакар“, соопштија од Владата.

Владата на Република Северна Македонија, се додава во соопштението, останува на својот став дека ги поддржува инвестициите во земјата и создава клима за економски просперитет и квалитет, но исклучиво согласно утврдените законски норми и прописи.

Владата во март минатата година еднострано го укина договорот. Претходно жителите на повеќе градови во југоистокот со месеци протестираа и предупредуваа на опасноста од отворањето на „Казандол“ и „Иловица“ нарекувајќи ги „рудници на смртта“.

Прикажи повеќе...

Македонија

МТСП: Се воведува траен надоместок за невработен родител којшто се грижел за дете со попреченост

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека со социјалната реформа се воведува траен надоместок за невработен родител којшто се грижел за дете со попреченост.

„Биолошките семејства кои имаат деца со попреченост,  како поддршка веќе имаат зголемен износот на утврдената висина на правото на посебен додаток за 15%. Воведуваме и траен надоместок за родител, кој се грижел за детето со попреченост до неговата 26 годишна возраст без да го смести во институција. Право на овој надоместок ќе имаат родителите коишто се невработени и не користат право на пензија. Надоместокот ќе може да го користат, по наполнување на 62 години за жена, односно 64 години за маж“, велат од Министерството.

Со новиот закон, додаваат од таму, ја развиваме и услугата за одмена на семејна грижа која ќе обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмор, лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за нив.

Користењето на правото за попреченост, со новиот закон се проширува и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува до 50% од просечна нето плата.

Се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост – Лична асистенција и услугата Домашна нега.

Од Министерството посочуваат дека активно продолжува да тече и процесот на деинституционализација. Владата лани ја усвои Националната стратегија за деинституционализација 2018-2027 „Тимјаник“, кој предвидува 66 милиони евра за 10 годишна реформана системот за социјална заштита.

Прикажи повеќе...

Македонија

Зголемен интензитет на сообраќај

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. АМСМ апелира до сите возачи да не го користат автопатот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Владата: Управниот суд пресуди дека раскинувањето на договорот за „Казандол“ е законито

Владата информира дека Управниот суд донел пресуда дека едностраното раскинување на договорот за изградба на рудникот „Казандол“ од страната на...

Вести2 часа

Судот ја блокира изградбата на ѕидот на Трамп

Федералниот суд во Калифорнија ѝ нареди на администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, да престане да ги користи средствата од...

Европа3 часа

ОН изгласа: Велика Британија да го врати островот од кој го протера населението

Генералното собрание на Обединетите нации побара од Велика Британија во рок од шест месеци на Маурициус да му го врати...

Спорт3 часа

„Златната копачка“ по шести пат за Лионел Меси

Лионел Меси е првиот фудбалер кој ја освоил „златната копачка“ во Европа три години во низа, откако Килијан Мбапе, неговиот...

Македонија3 часа

Земјотрес во Пехчево и Берово

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала вчеравечер бил почувствуван во Пехчево, Берово и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Европа16 часа

(Видео) Експлодираше бомба во Лион, најмалку осум лица се повредени

Најмалку осум лица се повредени при бомбашки напад во централен Лион, соопштија француски официјални лица. Explosion in pedestrian street in...

Свет18 часа

(Вознемирувачко видео) Дваесет ученици загинаа скокајќи од запалена зграда во Индија

Најмалку дваесет ученици загинаа, а дваесетина  се повредени скокајќи од запалена зграда во Индија, каде што посетувале настава. Massive tragedy...

Свет18 часа

Штрахе тужи три лица за скандалот поради кој падна австриската влада

Лидерот на десничарската партија и досегашен вицеканцелар, Хајнц Кристијан Штрахе поднел тужба против три лица, откако падна во замка со...

Македонија19 часа

(Видео) Македонска делегација на молебен и на аудиенција кај папата во Рим

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, заедно со сопругата, е дел од официјалната државна делегација,...

Топ20 часа

Го погодило струја при обид за кражба на железничката станица во Трубарево

Момче на возраст од 20 до 25 години се здобило со висок степен на изгореници по телото при обид за...

Свет22 часа

Харви Вајнштајн постигна вонсудска спогодба со жртвите од 44 милиони долари

Холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн, кој повеќе жени го обвинија за сексуално злоставување, постигна привремена спогодба вредна 44 милиони долари со...

Европа1 ден

(Видео) Британската премиерка Тереза Меј даде оставка

Британската премиерка Тереза Меј денеска објави дека на 7 јуни ќе ја напушти функцијата. За оставката ја информирала и британската...

Македонија1 ден

(Видео) Изгаснат пожарот во Карпош 4, едно лице пренесено во болница

Пожарот кој избувна пред околу еден час во една од кулите во скопската населба Карпош 4 е изгаснат. Во пожарот...

Спорт1 ден

Лоциран домот на Роналдо, ќе добие судски повик за „случајот Мајорга“

Звучи бизарно дека потргата по Кристијано Роналдо, една од најголемите спортски ѕвезди, може да трае цели шест месеци. Толку време...

Економија1 ден

Трамп: Случајот со „Хуавеј“ би можел да биде дел од трговските преговори со Кина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, првпат навести дека случајот со кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ би можел да биде вклучен во...

Свет2 дена

Украинскиот претседател предлага анкета за тоа како да се преговара со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да ја праша јавноста како неговата земја би требала да преговара со Русија за војната...

Свет2 дена

„Фејсбук“ отстранил над три милијарди лажни профили

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека од октомври минатата година до март годинава, биле идентификувани и отстранети повеќе од три милијарди лажни...

Свет2 дена

Јункер: Глупавите националисти ги сакаат само своите земји

Претседателот на Европската комисија, Жан клод Јункер изјави дека е свесен за заканата, која ја претставуваат националистичките политичари за европската...

Топ2 дена

(Видео) Груби ја поздрави одлуката за оставка на Богоевски

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби, ја поздрави одлуката за оставката на пратеникот Павле Богоевски и изрази жалење за состојбата во...

Бегството на Груевски2 дена

Јовески: Не постојат пречки за Интерпол да објави потерница по Груевски

Јавниот обвинител Љубомир Јовески рече дека верува оти не постојат законски или какви било пречки за да биде објавена потерницата за...

Досие