Македонија
Џафери на отворање градинка во Матејче: Ова не е кампања, прочитајте го законот подобро

Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери, при посетата на општина Липково, каде што се обрати на настан по повод новата градинка во Матејче, им посочи на нoвинарите дека треба да го прочитаат подобро законот во однос на одржувањето настани пред избори.
„Ќе треба да го прочитате малку подобро законот затоа што тој забранува 20 дена од почнување на официјалната кампања, а сѐ уште не сме во тие 20 дена пред почнување на кампањата имајќи предвид дека изборите се на 24, некаде на 4 април почнува официјалната кампања, 20 дена пред тоа, фактички не сме во тој период“, одговори Џафери на забелешката дека 20 дена пред распишување на изборите не би требало да се одржуваат вакви настани и да не се трошат јавни пари за вакви настани.
На новинарското прашање дали ДУИ ќе оди со самостоен кандидат на изборите, Џафери повторно ги упати новинарите во Речица да го прашаат лидерот и додаде дека тој е премиер и ја претставува Владата, а не ДУИ.
Во однос на предлогот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари да биде претседателски кандидат, техничкиот премиер рече дека не чувствува потреба да ги коментира одлуките на политичките партии.
„Непотребен би бил каков и да е коментар од моја страна“, рече Џафери.
Претходно, претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, објави дека дека е кандидат за претседател на државата на предлог на претседателството на Алијансата и со поддршка на Европскиот сојуз за промени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење. Работите веќе четири години одат во погрешна насока и тоа знам дека сите вие го чувствувате и гледате. Максим Димитриевски не заслужува реизбор – ги изневери сите ветувања дадени пред граѓаните. Куманово се дави во смет и пропадната инфраструктура, се случува урбанистички хаос кој го креира Димитриевски заради сопствените бизнис интереси. Куманово во 2025 сè уште кубури со вода, а паркинг место нема ни за лек.
Димитриевски ги изневери сите кои гласаа за него. Наместо коректор на власта, стана пион на Мицкоски и тројански коњ кој треба да ја дели опозицијата и СДСМ. Човек кој ги погази сите наводни принципи и молчи пред криминалот на неговите коалициски партнери. Човек кој ведне глава пред патронот Мицкоски. Единствено нешто што Максим добро го прави тоа неговиот бизнис со оние за кои до вчера велеше дека се криминалци.
Куманово може подобро! Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно! Одиме на победа!“, додаде тој.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).