Македонија
Џафери ја закажа седницата на Комисијата за надворешна политика, која Милошоски ја одложуваше

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја закажа седницата на Комисијата за надворешна политика еден час откако претседателот на работното тело Антонијо Милошоски ја одложи со образложение дека пратениците се на одмор од денес. Претходно, неколкупати седницата на комисијата беше одложена бидејќи не се доставени бараните класифицирани материјали од две лидерски средби одржани кај претседателот Ѓорге Иванов.
Образложението на собраниските служби, за свикувањето на комисиската седница од страна на спикерот Џафери е дека тоа е направено според Деловникот за работа на Собранието, каде е наведено дека aко претседателот на работното тело не свика седница кога е должен тоа да го стори, седницата ја свикува претседателот на Собранието.
„Недозволиво е денешното повторно одложување на седницата на Комисијата, со образложение од претседателот на Комисијата дека пратениците согласно со Деловникот се на одмор од 1 до 31 август, и дека претседателот Џафери на средба со новинарите најавил дека од 1 август пратениците се на одмот. Член 5 од Деловникот е јасен, освен што го предвидел периодот за одмор, јасно во истиот член, став 1 потенцирал дека Собранието е во постојано заседание“, се вели во собраниското соопштение.
На седницата ќе преседава пратеничката Ивана Туфегџиќ. Пред Комисијата за надворешна политика, министерот Никола Димитров треба да го презентира извештајот извештајот од неговата работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Владата: ЕУ е стратешки приоритет, реформските процеси ќе се интензивираат

Европската Унија е стратешки приоритет на Владата. Владеењето на правото ќе остане во фокусот на институциите за брз напредок во преговорите.
Вицепремиерката Славица Грковска во своето видео обраќање на панелот ,,ЕУ интеграции и реформски процеси” кој се одржа во рамките на годишната конференција ,,Година на нови можности”, рече дека е неопходен силен општествен консензус околу воспоставување на принципите на добро владеење на секое ниво, во секоја институција и област.
„Секое работење мора да биде базирано на транспаретност, отчетност, владеење на правото, ефикасност и ефективност. Граѓаните се веќе суперсензитивни на корупција, на недомаќинско работење, на секаков вид злоупотреби на службената должност.
Во соработка со надлежните институции веќе се работи на решенија и политики кои ќе овозможат корупцијата да стане неисплатлива. Јас немам илузии дека корупцијата може од корен да се искорени, но верувам дека таа може да се намали“, порача во своето видео-обраќање заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики на добро владеење Славица Грковска.
Вицепремиерот Бојан Маричиќ истакна дека ова е најуспешна година во евроинтеграциите на Република Северна Македонија и клучна пресвртница во односите со Европската Унија.
„Оваа година треба успешно да го завршиме скрининг процесот, да се фокусираме на реформите, да обезбедиме општествен политички консензус, уставни измени. Во овој период треба да вложиме максимални напори за обезбедување на финансиска помош”, рече заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Министерот за правда Никола Тупанчески говорејќи за распределбата на предметите во судовите и јавните обвинителства посочи дека од 1 јануари 2023 година задолжително се применува системот за управување со предмети во обвинителствата.
„Праксата за доделување на судски предмети, како што беше во минатото, на рака,повеќе не постои. Во судовите, предметите се распределуваат и прераспределуваат преку АКМИС системот. Тоа е законска обврска, а начинот на распределба се уредува со судскиот деловник”, рече Тупанчески.
Во Министерството за информатичко општество континуирано се работи на обезбедување на модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација која обезбедува квалитетни и брзи услуги на граѓаните и деловните субјекти.
,„Наша цел е деполитизирана администрација која ќе биде транспарентна и отчетна каде ќе владее европскиот систем на вредности, со мерит систем и голема професионалност. Активно работиме на новата Стратегија за РЈА(2023-2030), документ со реални цели и активности која ќе придонесе кон подобрување и приближување на нашата земја кон стандардите на ЕУ”, рече заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски.
Амбасадорката на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Џаин порача сите напори на Владата да бидат насочени кон реформите за да има напредок.
„Ние сме цврсто посветени да им посакаме добредојде на земјите од Западен Балкан во семејството на ЕУ, но основите на процесот на пристапување сè уште важат: одредниците мора да се исполнат. Не е случајно што токму со владеењето на правото се започнува и завршува процесот на пристапување на земјите-кандидатки во ЕУ. Сите напори треба да бидат насочени кон реформите за да има напредок, фокусирано и решително. Шведска е најголемиот билатерален донатор меѓу земјите-членки на ЕУ, со програма за реформска соработка која има за цел да им помогне на националните власти и граѓанското општество во процесот на интеграција во ЕУ. Денес информираме дека оваа програма значително ќе се зголеми“, рече амбасадорката на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Џаин.
Македонија
Стоилковски: Таравари е смешен како се обидува да се оправда себе си и желбата за гола власт и функции

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес-конференција зборуваше за тоа што од Алијанса велат дека ВМРО-ДПМНЕ е нереформирана и дека Алијанса е за европски начин за однесување.
„Сигурно е европски Таравари да го моли ВМРО-ДПМНЕ да гласа за него во Гостивар, тогаш ВМРО-ДПМНЕ беше реформирано. Кога Алијанса се потпиша за пад на владата, Таравари се потпиша за ВМРО или против ДУИ? Европската идеја не е молење и уценување за функции и вработување на членови на партија. А, Таравари влегува во владата во чие време се отселени пет пати повеќе луѓе отколку последните 20 години“, нагласи Стоилковски.
Тој додаде дека Таравари е смешен како се обидува да се оправда себе си и желбата за гола власт и функции, и што му текнало дека е за Европа, и тој заедно со Артан, Бујар, и редица други европјани ќе нѐ внесуваат во Европа.
„Веруваме дека и самиот си се смее навечер на сопствените изјави и лицемерието, кои се толку проѕирни што и од тој агол и Мендух Тачи би бил визионер“, истакна Стоилковски.
Македонија
(Видео) Стоилковски: Ново бегство од затворот „Скопје”, мора ли крв да падне за одговорност на Тупанчески и Андов?

„Уште еден затвореник му избега на `Сокол` од затворот Скопје во Шуто Оризари. Второ бегство за две недели. Пред два дена од затворот каде директор е Филип Андов Сокол, избегал Ариф Алили од Кичево. И Алили, најновиот бегалец од затворот под окото на Сокол, како и бегалецот од пред две недели бил дел од таканареченото „слободно одделение“. Ариф е еден од двајцата браќа Алили добро познати на кичевската јавност, уапсен во септември 2020, бил осуден на три години, по опсежна акција за апсење на нарко дилери, а од затворот Шутка бега на пет месеци пред истек на казната“ рече денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Стоилковски смета дека „ова повеќе не може да се гледа како случајност, ова се системски пропусти, ако не и намерни системски пропусти. Ова повеќе не е држава, туку територија на мафијата, во којашто затвореници кога сакаат непречено излегуваат од затвор“.
„Пред само две недели од Шутка си замина Нафи Абдиовски, затвореник со цел фотоалбум со цело СДС, власта му премолче на миленикот Сокол. Сега се случува уште едно бегство, а власта пак молчи и се крие. Уште колку затвореници треба да излезат од Шутка за да се побара одговорност? Мора ли крв да падне, како во Идризово, за да се реагира?“ вели Стоилковски.
Напоменува дека „затворите станаа решето, од нив бега секој што има врска со СДС, мафијата и нивните структури распоредени во затворската хиерархија. Потребни се оставки и одговорност и од миленикот на СДС, Филип Андов Сокол и од министерот за правда, Никола Тупанчески“.