Македонија
АВМУ: Да се спречат можните појави на клиентелизам
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги како надлежно регулаторно тело редовно прави проверка на почитувањето на законските одредби за сопственичка структура и медиумска концентрација.
При последната ваква проверка, извршена на 14 декември 2018 година, констатирана е ситуација која може да доведе до појава на клиентелистички однос на медиум кон власта. Имено, физичкото лице Виктор Серафимов, сопственик на регионалната Телевизија 3, воедно се јавува како сопственик и на ,,Авто испитен центар Скопје“, којшто според пишувањата на медиумите, „7 дена по основањето има добиено милионски бизнис од МВР за спроведување возачки испити на територија на Скопје“.
Паралелната сопственост врз радиодифузерот и споменатото правно лице сама по себе не е во колизија со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, меѓутоа остава можност власта да влијае врз уредувачката политика на телевизијата и со тоа да се наруши нејзината уредувачка независност, се вели во соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Според нив, регулаторот нема механизми на располагање со кој би ги спречил ваквите појави ниту, пак, има надлежност за правни лица коишто немаат поврзаност со аудиовизуелната област. Агенцијата многупати досега има организирано работилници за професионалните новинарски стандарди и се залага за зајакнување на саморегулацијата и со самото тоа и на интегритетот на новинарите. Сепак, слободата и независноста на медиумите се условени од повеќе фактори. Тоа значи дека власта и државните институции треба да создадат поволна околина за медиумите, односно да покажат интегритет и во пракса да ги преточат заложбите за медиумски реформи со крајна цел слободни, независни и демократски медиуми, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

