Македонија
АВМУ: „1ТВ“ не ги почитува професионалните стандарди

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги преку соопштение реагира на вчерашното интервју на телевизијата „1ТВ“ со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во соопштението се вели дека телевизијата не ги почитувала професионалните стандарди, односно новинарот што го водел интервјуто, Сашо Орданоски, ги прекршил начелата за почитување на достоинството на личноста, начелата за пресумција на невиност и начелата за објективно и непристрасно прикажување на настаните.
„Во врска со интервјуто на новинарот Сашо Орданоски со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, емитувано на ‘1ТВ’, првичните наоди од надзорот на Агенцијата укажуваат дека во делови од интервјуто новинарот ги прекршува начелата за почитување достоинството на личноста, за пресумција на невиноста и за објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на разни гледишта и мислења од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги“, стои во соопштението од АВМУ.
Од Агенцијата велат дека професионалното работење на медиумите подразбира почитување на сите начела на вршење на дејноста кои се потпираат на новинарските стандарди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денеска сончево и многу топло, од среда значително опаѓање на дневната температура

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 41 степен.
Времето во наредните денови
Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) во среда, а особено во четврток ќе има значително опаѓање на дневната температура (од 8 до 10 степени). Во среда претежно во северните делови ќе има услови за повремен дожд, а во петок локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во деновите од викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот од и кон Граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека вечерва е нормализиран сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце.
Граѓаните можат непречено да се движат во двата правци, а нормално функционира и граничниот премин Блаце, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Повеќе од 45 тони вода исфрли полицискиот хеликоптер во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево

Полициски хеликоптер Бел-412 денеска повторно се вклучи во гаснење на пожарот во општина Чучер Сандево, соопшти МВР.
„И покрај тешките услови за гаснење непристапен терен и непрегледност поради чад, полицискиот хрликоптер исфли над 45 тони вода во подршка на екипите на терен за ставање под контрола на истиот“.