Македонија
Агелер најави нови имиња на листата покрај Мерко: „Ова е сериозен проблем и приоритет на САД“
Американската амбасадорка Агелер најави и нови имиња на листата покрај градоначалникот Рамиз Мерко. Таа не откри за кои лица се работи, само кажа дека се во процес на разгледување.
„Кога постои цврст доказ за корупција значи да се преземе мерка од страна на државниот скертар на САД за санкционирање на такво лице, со тоа што на ова лице и на неговото семејство им е оневозможен влез во САД. Овој процес трае подолго, процес кој внимателно се спроведува, се врши ревизија на сите докази, на се што е утврдено, има и листа со имиња која е во процес на ревизија и разгледување, така да откако ќе се утврдат сите факти тогаш се донесува одлуката“ изјави Агелер.
Таа додаде дека не може да зборува за временски рокови кога би се реализирале сите овие процеси, но нагласи дека ова е сериозен процес за САД.
„ Ова е процес кој се спроведува со големо внимание и САД имаат навистина сериозен пристап на ваквиот процес, бидејќи секогаш кога ќе се утврдат докази за корупција сметаме дека Северна Македонија и народот на Северна Македонија имаат право да имаат избрани претставници во кои ќе можат да веруваат. Тука завршува ангажманот на САД, ние не би можеле да кажеме што понатаму. Не можеме да кажеме какви мерки Владата и судството ќе преземат. Ова е сериозен проблем, приоритет на САД“ рече Агелер.
Вчера, беше објавено дека Мерко и неговото семејство се на така наречената црна листа на САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.
Македонија
Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија за Кочани
Во пресрет на утрешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, повторно апелираме до пратениците од владејачкото мнозинство и поканетите претставници од власта, да не измислуваат изговори и да се појават на седницата, велат од Левица.
„Повторуваме дека оваа седница е свикана по претставка на родителите на трагично загинатите деца од Кочани, а датумот е успгласен токму со нив, бидејќи единствено утре не е закажано судско рочиште за „Пулс”. Оттука, утре е единствен ден кога родителите би можеле конечно да се обратат од Собранието кон претставниците на институциите од кои зависат одговорноста и промената на системот“, велат од партијата.
Од Левица наведуваат дека три пати се обиделе да закажат седница за трагедијата во Кочани.
„Три пати беше блокирана со директна улога на спикерот Гаши и ДПМНЕ. Власта која не најде сила ниту за комеморативна седница во Собранието, сега нема никаков легитимен изговор да ја кочи расправата. Досегашните изјави на власта дека токму утре било предвидено да се започне расправата за Предлог-буџетот, наоѓајќи алиби за повторно избегнување на седницата, е несоодветен и невистинит. Буџетската расправа трае пет дена, што е повеќе од доволно за да се исцрпи целата дискусија, а рокот за донесување на Буџетот е најдоцна до 31 декември“, велат од Левица.
Од таму упатија апел утре да не се повтори уште еден институционален срам.
„Седницата мора да се одржи, без одлагања, празни изговори и политички калкулации. Родителите доаѓаат да го кажат она што државата со месеци одбива да го слушне. Од власта и државниот врв се очекува, најмалку, да се појават и да погледнат во очи луѓе кои бараат правда, одговорност и промена. Секое ново бегање и саботирање би било уште една навреда за семејствата, но и народот, како и уште еден чекор кон одржување на системот кој дозволува да се повторуваат трагедии“, се наведува во соопштението.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на ГП „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 15:00 часот е нормализиран во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

