Македонија
Агенцијата за поддршка на земјоделството од Бугарија ќе црпи искуства за работење по европски стандарди
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, во Софија се сретна со неговиот бугарски колега Васил Грудев.
Двајцата директори разговарале за начинот на приспособување и приближување, кон заедничката земјоделска политика на Европската Унија.
Бабовски истакнал дека договорена е размена на искуства помеѓу двете институции преку практична примена и обуки.
„За нас е од исклучителна важност проширувањето на соработката со платежните агенции на земјите членки од ЕУ. Ова е продолжување на веќе воспоставените соработка со платежните агенции на Хрватска и Словенија. На овој начин правиме сè за да ги добиеме најдобрите искуства од сите платежни агенции, кои веќе се дел од ЕУ“, истакнал директорот на македонската агенција.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во наредниот период ќе црпи искуство за начинот на спроведување на земјоделските политики по европски стандарди и имплементирање на европското законодавство.
Целата е навреме да се воспостави институционален систем, кој ќе може да работи по правилата кои се утврдени од страна на ЕУ, а се во насока Македонија подготвена да ги дочека преговорите со ЕУ, како и стекнување на статусот полноправна членка.
Директорот на платежната агенција на Бугарија, Грудев, истакнал дека спроведувањето на шемите и механизмите за финансиска поддршка и апсорпција на европските средства се од огромно значење не само за Бугарија туку и за целиот регион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

