Македонија
Адвокатот на Јанакиески: Оние кои наводно ги поттикнал Миле Јанакиески се тргнати од новиот обвинителен акт
За адвокатот Еленко Миланов, кој го застапува обвинетиот Миле Јанакиески на судењето за „Насилство во Центар“, е спорно што судот не дозволува да се изведат докази на новиот обвинителен акт поднесен од обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, бидејќи тврди дека има суштински, а не небитни измени во него.
Миланов како пример посочува дека суштинска промена е ослободувањето на Даниела Рангелова, која претходно беше посочена дека е поттикната од Миле Јанакиески да го стори делото.

„Правото да ослободи го има обвинителот во секое време. Работата е што Обвинителството даде сосема нов обвинителен акт, со нов опис, којшто многу ја менува состојбата. Во насока на изменетиот обвинителен акт не се изведени докази. Обвинителниот акт го темели и во завршниот збор сега сака да го темели на исказот на Томислав Лазаров, кој признал вина. Но, Лазаров признал вина на сосема поинаков обвинителен акт. Дали на овој обвинителен акт, Лазаров ќе признаеше вина? Оние кои наводно ги поттикнал Миле Јанакиески се тргнати од новиот обвинителен акт. Останува Томислав Лазаров, кој признал вина на нешто сосема друго. Како може да нема суштинска промена, кога лице кое вие наводно сте го поттикнале е тргнато од обвинението, па тоа ваше поттикнување сте го пренеле на тие што беа присутни на протестите. Тоа е делот што се однесува на Јанакиески. Тоа е основа и суштина. Останува дека е поттикнат, според обвинението, Томислав Лазаров, кој призна заедно со другите. Каде е тука правната сигурност?“, реагираше Миланов.
Судот одби да го врати предметот во доказна постапка, а за четири дена закажа ново рочиште каде завршните зборови ќе ги даде Миле Јанакиески и останатите обвинети.
Претходно Еленко Миланов, бранител на Миле Јанакиески, рече дека ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Јанакиески е од старт жртва во тој предмет, бидејќи нема ништо што укажува на него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

