Македонија
Адеми: Имаме целосно реформирано средно стручно образование
Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, денеска учествуваше на дебатата посветена на основањето на Регионалните центри за стручно образование и обука во Република Северна Македонија.
Адеми пред присутните зборуваше за важноста на стручното образование, истакнувајќи дека истата е меѓу највисоката поставена цел на својата работна програма, како иднина на сегашните и идните генерации. Адеми исто така издвои неколку мерки преземени во оваа насока.
„Имаме многу мерки, проекти и активности со кои се трудиме да ја постигнеме поставената цел. Тие се интензивираат особено во изминатите неколку години, па така, сега веќе имаме целосно реформирано две, три и четиригодишно средно стручно образование, значителни инвестиции во опремувањето и во унапредувањето на техничките и инфраструктурните услови во стручните училишта. Најважно е што од пред две години започна и имплементацијата на концептот на дуално образование кој е ветувачки, затоа што е веќе докажана позитивна практика во многу од земјите на Унијата, а почна да дава добар ефект и кај нас“, рече Адеми.
Исто така, Адеми во оваа пригода даде висока оценка за поддршката од главните партнери во формирањето на регионалите центри за стручно образование и обука во нашата земја. Ова е мерка која значи нова форма на организација во стручното и образование и обука и која е дел од Стратегијата за образование 2018-2025 година
„Морам да изразам лична благодарност и да кажам во оваа пригода дека најзаслужни за тоа што денес имаме добра основа на која се базира формирањето на овие центри се Европската фондација за обука и Делегацијата на Европската Унија“, изјави министерот Арбер Адеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата
Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија и судска постапка. Палевски е првоосомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Во писмото, тој се обраќа до министерот за правда Кренар Лога за кој вели дека „лаже“, и дека токму Палевски барал кратка и брза екстрадиција, без противење.
„Многу важно, го прашав судијата колку време трае БРЗАВА, КРАТКАВА ЕКСТРАДИЦИЈА, добив одговор дека целиот процес е 40 дена од денот на хапсење. На 22 декември бев во Баликесир на повисокиот суд каде за разлика од Првиот, Понискиот Суд, ме прашаа дали постои опасност од МАЧЕЊЕ и УБИВАЊЕ во Македонија. За прв пат почувствував СРАМ за мојава држава и од ИНАТ ако ништо друго дадов изјава: „НЕ, инсистирам на КРАТКА и БРЗА ЕКСТРАДИЦИЈА во Македонија за да се бранам во ИСТРАГАТА.“ Сѐ ова после 5-6 писанија до обвинителот, го добив на коректен Англиски со печат и потпис од Судот. Од тогаш, од минатата година до денес, едни други курветини, „НАТО Прогресивци“, но кои на ЕРДО се клањаат, Министер за Правда, колега на малоумниов Кренар Лога го држат ПАЛЧО во „ЕКСПРЕС“ БРЗА ЕКСТРАДИЦИЈА“, пишува наводно Палчо.
Претходно министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека добил информација од Секторот за меѓународна полициска соработка дека е одобрена екстрадицијата за Љупчо Палевски Палчо, со тоа што македонските полициски службеници се во комуникација со турските колеги.
Македонија
Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат
Левица како нова генерација млади политичари на овие избори настапува со радикална антикорупциска платформа. Битола од економски гигант во време на криминалната приватизација стана рекордер на невработеност. Младите паметат како нашите родители остануваа на улица додека се богатеа поединци, изјави Јована Мојсоска, генерален секретар на Левица
– Се бориме за донесување Закон за потекло на имот на сите носители на јавни функции од почеток на транзиција до денес. На овој начин мора да се стави крај на криминогените партии кои ја уништија иднината на младите генерации. Наместо амнестија која ја видовме во Собранието, нашата автентична програма се залага за незастарливост на криминалот извршен од јавни функционери. На 8-ми мај младите ќе се обединат околу идејата на Левица за да стават крај на владеењето на корумпираните и истрошени политички елити кои немаат веќе што да понудат – вели Мојсоска.
Македонија
Глас за СДСМ е глас за поголеми плати и унапредени работнички права, велат од СДСМ
Глас за СДСМ на 8-ми мај е глас за поголеми плати и унапредени работнички права, велат од СДСМ.
„СДСМ ја зголеми минималната плата за скоро три пати од 8.000 на 22.500 денари и таа ќе продолжи да расте со воспоставена методологија. Просечната плата е двојно зголемена, во однос на 2016 година на речиси 40.000 денари. Платите во образованието и здравството се двојно поголеми, покачени се платите во образованието, полицијата, армијата, социјалните служби, во сите сектори. СДСМ беше рамо до рамо со работниците во време на големите кризи – економската, енергетската и здравствената, помогна да се спасат илјадници работни места“, дополнуваат од СДСМ.
Како што велат, со СДСМ е можен европски животен стандард, со просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра.
„Програмата за млади предвидува по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години, субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години, како и гарантирана плата за млади, додека грантовите за отпочнување на сопствен бизнис за млади, се зголемува на 8.000 евра. Платите на медицинскиот персонал значително ќе се зголемат. Специјалистите ќе имаат до 180.000 денари плата, општите доктори, до 120.000 денари. Медицинските сестри, до 90.000 денари. Работниците и нивниот труд се двигател на секоја економија, на секоја држава. СДСМ нема да се откаже од унапредување на работничките права, раст на платите, подобро платени работни места“, завршуваат од СДСМ.