Македонија
Ако сè се одвива како што ни беше кажано, протести нема да има: Фики Гаспар по состанокот во Министерството за здравство
По повикот до лицата со цистична фиброза на средба во Министерството за здравство, претседателот на асоцијацијата, Фики Гаспар, рече дека на неа се разговарало за клучни теми за состојбата на овие пациенти. Засега, како што рече тој, доколку сè се одвива како што било кажано на средбата, протести нема да има.
„Ни беше посочено дека работната група што ја чекавме да заврши веќе е при крај и дека ќе се направи системско решение за тоа кои пациенти треба да го примаат лекот ‘трикафта’ и ќе има забележување на состојбата на пациентите за да може да се почне со набавка на терапија. Нè известија дека цело време се во контакт со фирмата што треба да го набави лекот“, рече Гаспар.
Гаспар додаде дека ако сè се одвива како што било кажано на средбата, протести нема да има.
„Претходно, за некои работи пациентите беа незадоволни, но на средбата нè уверија дека такви сценарија нема да има, но секако тоа останува ние да го видиме. Спомнавме дека размислуваме и за одреден протест во овој период. Доколку работите што ни беа кажани се движат во таа насока, сметам дека членството ќе биде задоволно. Ќе имаме повеќе информации од Министерството за здравство во рок од една недела или две. Немаме простор за чекање. Доколку целото членство гласа дека не сме задоволни, претпоставувам дека ќе се оди на протест“, додаде Гаспар.
Засега 12 пациенти добиваат „трикафта“, лек со кој се олеснува болеста и лицата со оваа болест може да функционираат без проблеми. Асоцијацијата за цистична фиброза се бори лекот да го добијат сите пациенти во државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

