Македонија
Ако Советот денес не донесе одлука, автобусите ќе останат во гаражите – вработените во ЈСП протестираат
Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на вработените во ЈСП „Скопје“, порача дека во ЈСП и раководството на ЈСП од 4.40 до 9 часот градскиот превоз функционирал нормално, но како ќе функционира потоа и како ќе се однесуваат вработените во ЈСП зависи од денешната седница на градското собрание.
„Затоа се собравме денеска во голем број да извршиме еден мал притисок врз советниците на Град Скопје, кои веќе неколку месеци ја ескивираат и не ја носат одлуката за субвенционирање на буџетот. Ако денеска седницата на Советот на Град Скопје заврши онака како што вработените и синдикатите сакаат, не сакаат, туку мора така да заврши, тогаш во попладневните часови или во вечерниот термин јавниот градски превоз ќе функционира нормално“, вели Стојановски.
Според него, ако парцијално биде донесена одлука, на вработените не им одговара затоа што се ближат избори кога не ќе може да се донесуваат одлуки, тогаш јавниот градски превоз во наредниот период ќе биде стопиран и нема да се одвива на улиците на град Скопје.
„Приватните превозници денеска возеа до 9 часот исто како и ние и нема да возат сè додека не се договориме, со нив сме заедно и тие зависат од цената на субвенцијата што ЈСП ја добива. Има речиси 400 вработени, тоа е 25 отсто и тоа е сосема доволно бидејки тука нема простор да нè собере сите“, додаде Стојановски.
Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утрово од 9 часот се повлекоа во двете автобази во Автокоманда и во Ѓорче Петров. Таму од 10.30 часот протестираат и ќе го чекаат исходот од вонредната седница на Советот на Град Скопје, закажана половина час подоцна, на која ќе се расправа и треба да се одлучи за исплата на субвенции на ЈСП за декември во износ од 11 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нестабилно време со дожд и грмежи до среда
По врнежите и невремето по кое во текот на ноќта полавени беа подруми во Охрид, од УХМР најавуваат дека до среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи.
Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок.
Температурите ќе бидат без значителна промена.
Македонија
Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја
Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, без струја во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците на дел од село Долно Лисиче, реонот околу чаталот, ул.10 во општина Аеродром, од 10:30 до 14:30 часот дел од улица 16, на патот кон Визбеговово општина Карпош, а од 13:00 до 14:30 часот објектите на градинката Росица, на ул.„Мечкин Камен“, бр.45А. во општина Ѓорче Петров.
Македонија
Скопските и тетовските пожарникари гасеа три огнови на отворено, соопшти ЦУК
Во изминатото деноноќие Центарот за управување со кризи информира дека биле евидентирани три пожари на отворено.
Регионалниот ЦУК Скопје соопштил дека БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имала две помали интервенции поради запалено ѓубре и тоа на ул. „Ферид Заири“ во Општина Чаир и кај Езерото Треска во Општина Сарај.
Регионалниот ЦУК Тетово известил дека ТППЕ Тетово имала една помала интервенција поради запалена ниска вегетација кај село Чифлик во Општина Желино.
Центарот за управување со кризи соопшти дека изминатите 24 часа имало вкупно 1.491 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 62,84 отсто, а 37,16 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон полиција биле упатени 63,18 отсто, кон итната медицинска помош 29,09 проценти, кон пожарникарите 2,73 отсто, a кон АМСМ 1,36 отсто од повиците кон бројот 112.