Македонија
Активистите од „Здрава котлина“ до Владата: Размислете добро за рудникот, ќе предизвикате револт и масовни протести
Активистите од здружението „Здрава котлина“ ѝ порачаа на Владата да размисли добро да одлуката што ќе ја донесе денес, а се однесува на концесиите за рудникот во Иловица.
„Ова не е нешто што така ќе ви помине! Бидете свесни дека за почеток ќе предизвикате експлозија на наталожен револт, граѓанска непослушност, масовни блокади и протести“, велат од „Здрава котлина“.
Со години бегате од тешките прашања, велат активистите до Владата, но ние остануваме зашто немаме друг избор.
„Јасни ни се сите игри, сите играчи и сите механизми, но бидете на чисто дека со ова нема играчки. Впрочем, ќе се уверите многу бргу ако донесете погрешна одлука. Јавниот интерес на граѓаните е многу над приватниот интерес на елитите во партиите. Рудник нема да има“, додаваат.
Владата денеска на седница се очекува да расправа за концесијата за рудниците „Иловица-Штука“, а министерот за економија, Крешник Бектеши, пред министрите ќе реферира за сите правни постапки што се преземени за овие рудници почнувајќи од 2012 година.
Од Министерството за економија сметаат дека давањето позитивно мислење за спојување на концесиите ќе спречи компанијата „Еуромакс ресоурцес“ да поведе арбитражна постапка против државата.
Од компанијата, пак, уверуваат дека нема никаква основа за грижа за здравјето на граѓаните и животната средина. Велат дека долготрајната негативна кампања насочена против реализација на инвестицијата преку манипулирање со чувствата на луѓето и пласирањето невистини предизвикала неоправдан страв и загриженост на широката македонска јавност.
„Еуромакс ресоурцес“ ги охрабрува сите граѓани, во духот на партиципативната демократија, засилената улога на граѓанинот и организираните форми на граѓанско здружување по прашања за заштита на животната средина – втемелени во Архуската конвенција – преку дијалог да се информираат за сите процеси, кои на кој било начин предизвикуваат вознемиреност во јавноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Здружението на судии загрижено за изјавите за Управниот суд: со нив се врши притисок врз судиите и судиското одлучуваљње
Здружението на судии во врска со реакцијата на Управниот суд на РСМ, ја искажува својата загриженост за изјавите на поединци со кои, како што се истакнува во соопштението, директно или индиректно се врши притисок врз судиите и судиското постапување и одлучување.
Како што велат, припадноста кон одредена политичка партија и можноста за идно владеење односно учество во извршната власт, не смее да се користи за коментирање, заканување или влијание врз судиското одлучување.
Оценуваат дека таквите изјави се штетни пред се за политичките субјекти кои ги пласираат во јавноста, а истовремено може да се разберат и како обид да се поткопа непристрасноста и интегритетот на судиите.
„Во однос на неоснованите обвинувања кои беа упатени на адреса на Претседателот на Управниот суд на РСМ, како Здружение на судии даваме целосна поддршка на колегите од именуваниот суд и напоменуваме дека секој избран судија е независен во своето одлучување и таа независност му е Уставно загарантирана. Па во тој правец и при најмал сомнеж за евентуален обид за притисок или влијание врз неговата работа, без разлика од кого доаѓа, е должен да ги извести надлежните судиски инстанци. Воедно, сите останати општествени чинители, а особено претставниците на политичките партии се должни да ја почитуваат загарантираната судиска независност што е во духот и на демократскиот развој и Европскиот просперитет на земјата“, потенцираат од ова здружение.
Македонија
Одбиена тужбата на „Европскиот фронт“ за избирачкото место во Долнени
Управниот суд ја одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија” за избирачкото место 1470 во Долнени на Парламентарните избори 2024.
„Европскиот фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024.
Досега Управниот суд ja одби како неоснована и тужбата за избирачкото место 1194, во Општина Крушево.
Македонија
Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот спор за името меѓу двата соседа, ќе ги загрози амбициите на балканската земја за членство во ЕУ, пишува грчки „Катимерини“
Говорејќи од градот Верија во северна Грција за време на неговата кампања пред изборите за Европскиот парламент во јуни, Мицотакис изјави дека трите меморандуми за разбирање поврзани со договорот од 2018 година нема да бидат ратификувани од Парламентот се додека новото раководство во Скопје продолжи со прекршување на договорот.
„Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да бидат ратификувани освен ако не се почитува она што го предвидува договорот“, рече тој.