Македонија
Акција за озеленување на Скопје под мотото „Станете урбани херои“
Почнувајќи од утре „Јавна соба“, во рамки на кампањата „Мрдни со прст“, најавува почеток на проектот „Дотерај го Скопје”, кој ќе вклучи озеленување на градот и сите негови општини. Сите жители на градот ќе имаат можност директно да учествуваат во оваа граѓанска инцијатива. За да го одбележи почетокот на проектот , тимот на “Јавна соба“ засади стебленца со брзорастечки бршлени на неколку локации низ градот.
„Сите ние секојдневно минуваме низ јавен простор кој може да изгледа многу поубаво со минимална интервенција. ‘Јавна соба’ смета дека граѓаните можат и треба да учествуваат во решавањето на нивните локални проблеми“ – изјави Александар Велиновски, директор на „Јавна соба“.
„Ги повикуваме сите граѓани да се вклучат во кампањата за разубавувањето на јавниот простор во Скопје. Станете урбани херои и дотерајте го градот за наше добро!“ – додаде тој.
Сите лица кои сакаат да учествуваат во дотерувањето на јавниот простор треба првично да направат фотографија од локацијата каде сметаат дека со мала урбана интервенција – засадување зеленило ќе се разубави околината. Фотографиите од локацијата треба да ја пријават на веб-страницата и да наведат колку растенија им се потребни за да ги засадат. „Јавна соба“ ќе донира брзорастечки бршлени.
Во претстојните месеци „Јавна соба“ ќе објави конкурс за музичари и бендови од најразлични жанрови со авторска музика, кои ќе имаат можност да снимат спот и на тој начин да се вклучат во оваа кампања. На крај на кампањата, „Јавна соба“ ќе ги претстави резултатите во форма на фестивал, на кој ќе се изложат фотографиите од интервеции низ Скопје и ќе настапат победничките бендовите на конкурсот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Македонија
Министерството за здравство ги кани на соработка нашите лекари кои работат во странство
Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем.
-Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може да придонесат во нашиот здравствен систем. Меѓусебната соработка со овие лекари е предвидено да опфати обуки, едукации, менторство, консултации или проектна поддршка, како и други стручни ангажмани. Во оваа прилика ги повикувам да се пријават нашите лекари кои работат во странски медицински центри, лекари кои се на специјализација или супспецијализација во странство, или лекари кои се ангажирани во странски академски и научно-истражувачки установи, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето се врши исклучиво преку електронскиот модул на веб-страницата на Министерството за здравство, по што Министерството ќе ги контактира лекарите за конкретна соработка што одговара на нивниот профил.
Во електронскиот модул насловен „Лекари од дијаспората“ предвидено е лекарите да пополнат повеќе лични и професионални податоци, детали за клучните области на експертиза, лиценци, сертификати, листа на публикации, како и сегменти на соработка за кои изразуваат интерес.

