Македонија
Албанскиот опозициски фронт: Бескомпромисна поддршка за судиите во Врховниот суд, тие се под невиден притисок од ДУИ да го вратат Груевски
Тука сме да ја изразиме нашата силна поддршка за судиите од Врховниот суд, кои се под страшен притисок со барањата за враќање на Никола Груевски, велат од албанскиот опозициски фронт.
„Како што знаеме и како што добивме информации од свиркачи, ДУИ и одредени поединци кои се инсталирани во раководството на оваа партија продолжуваат да вршат невиден притисок врз судиите од овој суд, со што докажуваат дека тие од политичка партија се претвориле во тиран. Бескомпромисна поддршка за судиите во Врховниот суд, тие се под невиден притисок од ДУИ да го вратат Груевски, сакаат да го убијат секој столб на демократијата.
Тоа воопшто не е за чудење, туку е уште еден показател што треба да ни послужи како освестување за сите нас дека оваа политичка партија стана синоним на лицемерство дејствувајќи против секоја европска вредност додека се повикува на тоа“, велат од овие партии.
Според нив, не може некој да биде проевропски настроен, а да врши притисок врз судството.
„Не можете да бидете проевропски и да бидете дел од секоја коруптивна афера. Не можете да бидете проевропски и да дејствувате против демократијата. Ова е уште еден показател дека ДУИ не е заинтересирана за ЕУ и уставните измени. Тие имаат потреба Груевски да се обиде да направи политички пазарења со ВМРО-ДПМНЕ за влез во концентрациска влада пазарејќи се со идните пратеници на СДСМ. Искрено жалам за нивото на кое паднаа Али Ахмети и ДУИ, а тоа народот жестоко ќе го казни на денот на изборите“, велат од албанскиот опозициски фронт.
Ја нагласуваат нивната бескомпромисна поддршка на судиите од Врховниот суд и ги повикуваат да судат според законот.
„Правдата, пред сè, а тие што ја нарушуваат правдата знаат каде им е местото“, потенцираат од оваа партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

