Контакт

Македонија

Неизгласувањето на законот за амнестија нема да ги наруши односите на коалицијата со Алијансата за Албанците, оценува Ковачевски

Објавено пред

По недобивањето на потребната поддршка во Собранието на законот за амнестија, премиерот Димитар Ковачевски истакна дека гласањето не треба да влијае врз односите во коалицијата.

dobivaj vesti na viber

Според него, запазена е целата процедура и секој можел да го искористи своето демократско право за гласање.

„Владата донесе одлука и му се даде можност на министерот за правда да го образложи законот за амнестија пред пратениците, што беше направено во текот на денешниот ден. Но, пратениците во Собранието имаат суверено право да гласаат во свое име и во име на граѓаните во однос на законските решенија што се нудат. Сметам дека е запазена целата процедура и сето она што беше кажано и сметам дека ова не треба да влијае врз односите во коалицијата, со оглед на тоа дека секој можеше да го искористи своето демократско право да ги искаже своите аргументи, а оние што го имаат правото на глас да го искористат за гласање на парламентарната сесија“, истакна Ковачевски.

Според него, уште кога бил предложен законот за амнестија, постоеле разни ставови во однос на ефектите од него.

Додаде дека интенцијата на законот била да се растоварат затворите со оглед на нивната пополнетост.

Нагласи дека ист таков закон за амнестија веќе е гласан во Собранието.

„Од друга страна, постоеја аргументи што го велеа спротивното, а тоа е дека претходниот закон не ги дал посакуваните ефекти со оглед на тоа дека најголемиот број на оние што биле амнестирани веднаш потоа биле сторители на исти кривични дела и биле повратници во затворите. И, второ, на издржување казна чекаат над 2.000 нови осуденици, што нема да доведе до растоварување на затворите и дополнително беа наведени како опции условниот отпуст, пробацијата и други мерки, кои можат да се користат со цел растоварување на затворите од преголем број затвореници“, додаде Ковачевски.

Македонија

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа, ќе поднесат кривична за Даштевски и тужба во Управниот суд

Објавено пред

Коалицијата „Храбро за Македонија“ денес обвини за изборен инженеринг и кражба на гласови на парламентарните избори. Од изборните единици 1, 2 и 5 им биле украдени повеќе од 600 гласа, кои, како што обвинија лидерите на партиите во коалицијата, им биле префрлени на коалициите „Вреди“ и „Европскиот фронт“.

dobivaj vesti na viber

Коалицијата „Храбро за Македонија“ најави кривична пријава против претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, тужба во Управниот суд, а не ја исклучи можноста и за кривична против ДИК.

„Ова е голем срам за ДИК. Само од три места ни се скратени повеќе од 600 гласа и им се префрлени на други политички партии. Ова кажува колку голема беше кражбата на овие избори, но и дека овој начин на крадење гласови од помалите партии, кои немаат набљудувачи на гласачките места, е правен и во претходните изборни циклуси и се додавани пратеници на други партии. За оваа нечесна работа ќе поднесеме тужба во Управниот суд и кривична пријава против претседателот на ДИК, Даштевски кој дозволил на ваков начин да се крадат гласови од одредени партии и во исто време да се префрлуваат на други за да добијат повеќе пратеници“, рече  претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски од чие водство беше формирана коалицијата „Храбро за Македонија“.

Имаат забелешки дека во записниците било заведено дека имаат повеќе гласови, а во финалните резултати од ДИК бројките биле намалени.

„Станува збор за упад во изборни резултати, а делата против избори се кривични, не застаруваат. Група адвокати работи на проценка на серија кривични дела. Кривичната пријава ќе биде против претседателот на ДИК, но не е исклучено да биде и против целата ДИК. Станува збор за упад во софтверот“, обвини лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски.

Лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски рече дека на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет и се украдени 4000-5000 гласа.

„Нека ги остават еднаш Ромите сами да одлучат за кого ќе гласаат. Имаше невиден поткуп, имам и видео докази за повици на граѓани да земаат пари. Замислете, чисто етнички македонски град купен по 200 евра од човек. Имам докази, но ќе им го оставиме тоа на адвокатите“, рече Ибраимовски.

Коалицијата „Храбро за Македонија“ не поднела приговори за изборните резултати оти сметаат дека кражабата ја направила Државната изборна комисија.

„Каде да поднесеме приговори кога ова е направено во самата ДИК? Приговори се поднесуваат за тоа што се случувало на гласачкото место. Од каде ќе претпоставите дека ќе ве украдат од ДИК? Некој за ова мора да заврши во затвор“, рече Јакимовски.

Од коалицијата јавно го повикаа Обвинителството да се вклучи и да направи истрага за украдените гласови.

Државната изборна комисија денес соопшти дека прифатиле седум приговори за седум избирачки места.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателката Силјановска-Давкова со евроамбасадорот Гир: Нашата иднина несомнено е во Европската Унија

Објавено пред

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска го прими шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир.

dobivaj vesti na viber

На средбата претседателката Силјановска-Давкова се заблагодари за упатените честитки од челниците на Европската Унија по повод нејзиното стапување на функцијата и изрази подготвеност за целосна соработка со делегацијата на Европската Унија во Скопје во однос на пристапниот процес на државата истакнувајќи ја значајноста на делегацијата како своевиден координатор на активностите на ЕУ во земјата.

Претседателката Силјановска-Давкова посочи на потребата за напредок во процесот кон членство во Европската Унија како стратешка цел на државата и определба на мнозинството од македонските граѓани.

Нашата иднина, според претседателката Силјановска-Давкова, несомнено е во Европската Унија, а местото на нашата држава е на иста маса со европските земји, со кои нѐ обединуваат историски, културни и морални традиции и вредности.

Претседателката посочи на нејзината подготвеност да придонесе во градењето единство за прашања од национален и државен интерес и да придонесе кон обезбедувањето политички и општествен консензус во однос на реформската агенда и усвојувањето закони за кои е предвидено европско знаменце, со цел да се избегне неговата злоупотреба, што беше нотирано и од самата ЕУ во изминатиот период.

Претседателката Силјановска-Давкова истакна дека и покрај високото ниво на подготвеност на македонската администрација и насобраното искуство, напредокот во исполнувањето на критериумите трпи поради политички околности и потези за кои се одговорни и одредени земји членки на ЕУ.

Во тој контекст таа посочи на потребата од враќање на вербата во мериторен процес на интеграција, со фокус на исполнување на Копенхашките критериуми.

Прикажи повеќе...

Македонија

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го врати уставното име, нѐ очекува тежок период

Објавено пред

Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го врати уставното име во првите денови. Ги имаат бројките со другите партии, вели министерот за правда, Кренар Лога.

dobivaj vesti na viber

„Штом ВМРО-ДПМНЕ формира 2/3 мнозинство во Собранието со помош на пратениците на ‘Влен’, ЗНАМ и Левицата, нека повели во Собранието и со уставни измени нека го врати старото име на државата. Нѐ очекува тежок период.

Се чини дека е стратегија на ВМРО-ДПМНЕ – забораваат дека сега имаат одговорност и нема друга кампања. ВМРО има добиено голема поддршка од граѓаните и се чини дека сѐ што е кажано во кампањата е голема лага“, додаде Лога.

Претходно, министерот рече дека непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Гордана Силјановска-Давкова.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа, ќе поднесат кривична за Даштевски и тужба во Управниот суд

Коалицијата „Храбро за Македонија“ денес обвини за изборен инженеринг и кражба на гласови на парламентарните избори. Од изборните единици 1,...

Македонија59 минути

Демири пред заминување го разреши директорот Петровски од Токсикологија, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Токсикологија, Данил Петревски. Вработените на Клиниката соопштија дека Петровски, кој...

Македонија1 час

ДИК ги усвои приговорите за седум избирачки места

Државната изборна комисија (ДИК) објави дека усвоила приговори за седум избирачки места. Со тоа усвоени се приговорите за Желино, ИМ 2101,...

Македонија2 часа

„Вреди“: Од 7 отворени гласачки кутии, во 4 се откриени неправилности, ДУИ ќе одговара за злоупотребите и кршењето на законите

Коалицијата „Вреди“ тврди дека имало прекршувања во Шестата изборна единица аргументирајќи дека вчера со одлуката на Државната изборна комисија уште...

Топ4 часа

Почина седумесечно бебе во специјалната болница во Охрид: му бил извршен хируршки зафат, a ден пред тоа било донесено со хематом на главата

Денеска, во раните утрински часови, во СВР Охрид било пријавено дека во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, по извршен...

Топ4 часа

Автомобили се судрија во Чаир, настрада пешак – жената што се нашла на улицата тешко повредена

Вчера, на улицата Ферид Бајрам во скоската населба Чаир, се судрија два автомобила, при што удрена е и жена пешак. Од...

Македонија6 часа

Грчкиот министер за надворешни работи: Грција не моли, бараме спроведување на договорот од Преспа

Зборувајќи за прашањето за односите меѓу Грција и Северна Македонија, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис во разговор за ЕРТ...

Македонија7 часа

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас телефонски разговарал со поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев за најновите политички случувања во...

Свет7 часа

Нов напад на Белгород; Русите: Уништени се куќи, има загинати

Еден далновод и повеќе од дваесетина куќи беа оштетени во најновиот украински воздушен напад врз градот Белгород, а руските воздушни...

Свет7 часа

САД и Австралија претставија огромни подводни дронови: „Ова е иднината на војувањето“

Ghost Shark и Manta Ray се имињата на прототипите на беспилотни подводни возила, UUV или беспилотни летала, неодамна претставени од...

Македонија20 часа

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

„ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае...

Македонија22 часа

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

ЈП Паркови и зеленило преку писмено соопштение се огласи во врска со прашањето дали имаат склучено договор со Владата за...

Топ22 часа

Почина 14-годишно момче во Битолско: му се слошило и паднало

Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на...

Економија1 ден

Од полноќ намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе oдлука со...

Македонија1 ден

Давкова официјално ќе го применува уставното име, а во јавните настапи има право да каже Македонија како чин на самоопределување, велат од нејзиниот кабинет

Во своите јавни настапи македонската претседателка има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување...

Македонија1 ден

Во важечкиот Изборен законик стои Македонија во делот на свечената изјава – Каракамишева вели дека Силјановска го кажала она што било напишано

Во важечкиот Изборен законик, со прочистен текст во март оваа година, во делот на свечената изјава стои Македонија, а не...

Свет1 ден

Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков. Руските сили се обидуваат...

Македонија1 ден

Бугарскиот претседател и премиерот: Не прифаќаме изјави од Северна Македонија што се во спротивност со меѓународните договори

Бугарија не прифаќа изјави и однесувања што се во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година,...

Македонија1 ден

МНР повика на внимателност од државните функционери: Со Грција развивме политички дијалог на високо ниво

Министерството за надворешни работи објави дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби, како и...

Македонија1 ден

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која се заколна...