Македонија
Александар Блажевски: Признавам дека песните се мои, тие се опомена за моралните недостатоци
Александар Блажевски од Јанковец, Ресен, јавно призна дека тој е автор на спорните песни објавени во збирката поезија „Млади поети“, проект финансиран од Агенцијата за млади и спорт, а чиј е уредник е директорот на Агенцијата, Дарко Каевски.
„Признавам дека јас напишав, но тоа се само песни, не се политички колумни ниту обвиненија за конкретни учесници. Тие се само опомена за моралните недостатоци во едно општество, една од најважните цели на литературата, за да биде ангажирана и да има општествена смисла“, вели Блажевски.
Според тоа што тој пишува на Фејсбук, Блажевски со песната „Партиски вработена“ им се одмаздува на жените.
„Јас сум лице што неколку пати ‘папал корнишон’ односно иако со најголем академски успех, било елиминирано на универзитетски или администрациски конкурси за вработување, и тоа постојано во корист на женски противкандидатки кои биле партиски вработени. Нели требало да се одмаздам некако, ако не со пушка, барем со песна?“, вели Блажевски.
Некои го опишуваат Блажевски како генијалец по математика и физика, асоцијален и секогаш со силна желба да зборува вулгарности. Бил вработен и како наставник во основно училиште. Сега, како што е објавено на неговиот профил на Фејсбук, работи хонорарно во Општина Ресен.
Инаку, како автор на скандалозните песни со недолична и дискриминаторска содржина е потпишан Даниел Пиљаковски. Тој претходно рече дека Блажевски аплицирал на конкурсот во негово име. Причината била тоа што учесниците не требало да се постари од 29 години, а Блажевски не го исполнувал тој критериум.
Каевски, кој се јавува како уредник на публикацијата, рече дека професионална одговорност мора да има, мора да се знае кој го премолчел ова и дозволил да се случи. „Нема повеќе место за говорна омраза и дискриминација. Ќе направиме се што е во наша ингеренција да ја детектираме вината. Не ја пренасочувам вината само во комисијата, чувствувам морална, но и професионална одговорност кај мене како директор“ рече Каевски.
Членовите на комисијата велат дека тие не ја извршиле селекцијата на спорните песни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дарко Каевски како директор на Агенцијата за млади и спорт заобиколувајќи ги законските процедури извршил распределба на пари преку така наречените ваучери до клубови и федерации, кои одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите да ги добие назад преку даночно ослободување“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, Каевски е фатен на дело, и веќе на сите им е јасно зошто излегувал и ширел лаги и манипулации во јавноста.
„Тоа се кадрите на СДС, како Дарко Каевски, вмешани во криминал и корупција. Време е Македонија да се ослободи од криминалците како Каевски. Време е да ја вратиме Македонија на народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер
Времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Услови за пороен дожд ќе има во текот на ноќта, соопшти УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно. Од пладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре, во ноќта кон петок и во петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, а во недела ќе се покачи за 2 до 4 степени.
Скопје
Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково
Дел од корисниците на Волково и Кучково во Општина Ѓорче Петров од 7 до 16 часот ќе немаат електрична енергија.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, прекинот на струја е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.