Македонија
Александар Николоски во работна посета на Брисел
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска и утре престојува во работна посета на Брисел. Во рамките на посетата Николоски ќе оствари средби со високи претставници на Европската комисија, Европската народна партија, Центристичко демократската интернационала, Европскиот парламент итн.
Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, на средбите се очекува да се разговара за актуелните политички случувања во Македонија и регионот.
„Николоски ќе информира за состојбата во Македонија, заостанувањето во реализацијата на реформите, политичките притисоци и злоупотребата на правниот систем со цел политички прогон, партизацијата на јавната администрација, економското назадување и сè поголемо задолжување на државата, како и сите потфрлања на Владата на СДСМ во сите области значајни за животот на граѓаните.
Николоски ќе разговара со партнерите од Брисел и за активностите на ВМРО-ДПМНЕ, како и политичкиот притисок и прогон под кој се бројни членови на опозицијата и обидот за задушување на слободата на изразување и критика кон власта на СДСМ“, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот
На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се, и испратени служба од ПС за БПС Велес, извести АМСМ.
Во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета повредени нема, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.
фото: архива
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)
Македонија
Непречен сообраќај низ државата, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

