Македонија
Алијанса за Албанците ги подржува наставниците, пред две години реагиравме против законот кој го спречува штрајкот
Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска јавно им се закани на наставниците и директорите на училиштата во врска со најавениот штрајк што ќе започне во понеделник, велат од Алијанса за Албанците.
Партијата потсетува дека пред две години предупредиле и реагирале на ваквата состојба, барајќи промена на диктаторскиот закон со кој на наставниците им се ускратува правото на штрајк и им се заканува замена доколку штрајкуваат.
„На расправата за законот за основно и за средно образование, на 21 септември 2020 година, пратеничката Илире Даути од говорницата на Собранието повика да се смени членот со кој се предвидува смена на наставниците во случај на штрајк. Овој повик го игнорираа пратениците од мнозинството и денеска министерот за образование и наука, повикувајќи се токму на оваа законска одредба им се заканува на наставниците и им го попречува правото на штрајк. Алијанса за Албанците и тогаш и денес е во поддршка на наставниците, нивното право на достоинствени услови за работа и нивното синдикално право да изразат револт додека не се исполнат условите“, велат од оваа партија.
Во исто време, инсистираат да се направат измени во законот со кои, како што сметаат се дискриминираат и робуваат и наставниците и самите ученици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

