Македонија
Ахмети-Рама: Националистичките политичари градат ѕидови, а современите мостови
На вториот ден од Преспа форум за дијалог, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со премиерот на Албанија, Еди Рама.
Ахмети му го честиташе на Рама третиот мандат, додека на состанокот се дискутираше за надминувањето на предизвиците што ги очекуваат нашите земји, но и регионот, на патот кон европската интеграција.
„Спорот меѓу Република Северна Македонија и Грција, беше преседан во политичката историја и за нејзино решавање беше потребно да се најде иновација што би била пример во политичката историја и меѓународните односи, кое го постигнавме во време кога сите рекоа дека е невозможно, а денес гледаме позитивни резултати од овој договор“, нагласи Ахмети.

Спорот со Бугарија беше исто така дел од разговорот помеѓу Ахмети и Рама, осврнувајќи се на неодамнешните посети на Софија со цел да се надминат пречките поставени од бугарска страна.
Во време на големите глобални пресврти, носејќи надеж станавме даватели на решенија и мир низ целиот регион. Лидерите не сакаат и не треба да ја занемараат својата земја, беше оценето, меѓу другото на средбата меѓу Ахмети и Рама.
Исто така, беше констатирано дека сонцето за Aлбанците и сите земји од Западен Балкан изгрева на запад и по членството во НАТО, Албанија и Република Северна Македонија наскоро ќе бидат дел од големото европско семејство бидејќи мирот, стабилноста и добрите односи со соседните земји се на вистинско ниво.
На состанокот беше истакнато дека националистичките и конзервативните политичари во такви ситуации само градат sидови и суштински не менуваат ништо. Современите политичари, наместо sидови, градат мостови за мир и стабилност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори, бара ЛДП
По информацијата на Владата дека наредната недела ќе назначи повереници во општините кои поради немање цензус не успеаја да изберат градоначалници, Либерално-демократската партија (ЛДП) ја информира јавноста дека ќе бара да се измени Изборниот законик.
Измените во Изборниот законик кои ќе ги предложи ЛДП се однесуваат на тоа владините повереници да не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Овие измени ЛДП ќе ги предложи за да нема никој нефер предност пред останатите кандидати за градоначалници, но и да се намали можноста за евентуални злоупотреби и несовесни работења на поверениците во периодот додека не се одржат повторените избори.
Оваа предлог мерка доаѓа по прифаќањето на предлогот на ЛДП за враќање на референдумското отповикување на градоначалници во Законот за локална самоуправа, кој веќе се наоѓа во Собранието и со кој после 30 години од укинувањето на референдумот, ќе се стави крај на заштитата на неефикасните и нетранспарентни функционери.
Доколку се усвојат и измените на Изборниот законик и се воведе ограничувањето за поверениците да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторните избори во четирите општини кои не обезбедија цензус во првиот круг, ќе се овозможат фер услови за коректен политички натпревар, ослободен од било какви сомнежи за дополнителни злоупотреби и политички влијанија, велат од ЛДП.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека нема да толерира незаконско постапување и девијантно однесување на поединци за кои постојат сомнежи дека ги прекршиле законските регулативи. Од партијата порачуваат дека Законот мора да важи еднакво за сите и дека секој фатен во корупција или криминал треба да понесе соодветна одговорност.
Во реакцијата се наведува дека државата не смее да се враќа во „мрачните времиња“, како што ги нарекуваат периодите кога, според нив, лица со основано сомнение или пресуди за криминал – меѓу кои ги посочуваат Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев и Рашковски – слободно се движеле без одговорност.
Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат надлежните институции целосно да го истражат случајот и да постапат до крај согласно законските прописи.
Македонија
За девет месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра
Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра).
Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава.
Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.

