Македонија
Ампутирани прсти поради петарда, еден предозиран, 28 алкохолизирани за Нова година
Лекарите во Скопје оценија дека новогодишната ноќ поминала релативно мирно, но сепак, еден 33-годишен маж остана без прсти, поради петарда, 28 лица биле алкохолизирани, еден предозиран со дроги, честворица починале, а има повеќе повредени во тепачки, несреќи или сообраќајки.
На Клиниката за токсикологија во Скопје во текот на ноќните часови примени се 28 пациенти од кои девет биле малолетници, а најмладиот е на возраст од 14 години. Сите се третирани до утринските часови и потоа пуштени на домашно лекување. Пациентот предозиран со опојни дроги е во добра состојба и е пуштен дома.
„Забавата да биде забава, расположението да се подигнува на секаков можен друг начин, а алкохолот да биде можеби само мал додаток за оние кои консумираат храна и кои се повозрасни и кои знаат какви се последиците од целата ваква состојба“,докторката од Клиниката за токсикологија д-р Жанина Перевска.
Од 28 пациенти примени на Токсикологија, осум биле од женски пол, а останатите се мажи.
Директорката на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ Јасмина Чабуковска информира дека во текот на изминатото дежурство им била укажана лекарска помош на вкупно 65 пациенти од кои 22 во текот на ноќните часови.
Во болница се задржани пет пациенти и имало три оперативни интервенции како воспаление на слепото црево и тие не се врзани со новогодишните празници. Од останатите пациенти, 25 се трауматолошки пациенти кои се јавиле на преглед. Кај седум од нив се работи за скршеници на подлактица и на лакт, една повреда е од петарда,имало повредени во четири сообраќајни несреќи и во две тепачки.
Во текот на изминатите 24 часа на Ургентниот хируршки центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се прегледани 93 пациенти од кои голем број се пуштени на домашно лекување.
„Од тие 93 пациенти, хоспитализирани се вкупно седум пациенти. Еден е хоспитализиран на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија заради ампутација на првиот и третиот прст како повреда од петарда, двајца се хоспитализирани на Клиниката за трауматологија, главно причина е пад или несреќен случај и еден пациент е хоспитализиран на Клиниката за интензивно лекување и реанимација како политраума поради пад од скеле. Сите пациенти се згрижени и се надвор од животна опасност“, изјави доцент д-р Христијан Костов од Клиниката за трауматологија.
Додаде дека пациентот кој се здобил со повреда од петарди имал 33 години и кај него морало да се изврши ампутација.
Директорката на Здравствениот дом Скопје, Татјана Баевска – Вучковиќ истакна дека Службата за итна медицинска помош изминатите 24 часа интервенирала кај 168 лица од Скопје и од околните населени места.
Во текот на вечерта се регистирани и четири смртни случаи во домашни услови и тоа две жени на возраст од 40 до 60 години и две машки лица на возраст над 60 години./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

