Македонија
Ангелеска: СДСМ не трпи критика од опозицијата, медиумите и од новинарите, најверојатно ниту од сопствените редови
Оваа власт не трпи критика ниту од опозиција, медиуми, новинари, ниту сака да ги чуе синдикатите. Најверојатно, таа не трпи ниту критика од сопствените редови. Ете затоа, најверојатно, претпоставувам дека Рендевски е натеран да си даде оставка, изјави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Ангелеска, на денешната собраниска седница.
Таа запраша дали господинот Рендевски е разрешен, односно си дал оставка самиот или, пак, власта го натерала да си поднесе оставка од заменичката позиција?
„Нелегитимниот премиер лаже дека оваа реконструкција не е поврзана со теснопартиски интереси, таа е чисто поврзана од теснопартиски интереси за одржување уште неколку денови, месеци на власт, а зошто? За да може да си продолжат тендерите во четири очи, да може да продолжат со именувања судии, обвинители, уставни судии и да ги доокупираат судството и Обвинителството“, рече Ангелеска
Ангелеска истакна дека заменик-министерот Башким Хасани не побарува образложение од премиерот Ковачевски за неговото разрешување, туку од Ахмети.
„Ова е една Влада, која е неспособна, арогантна, самобендисана, криминогена, коруптивна и ништо нема да им помогне со таа промена на министри за да си го променат нивниот начин на размислување и дејствување, а кога колегите ќе спомнат предвремени избори, власта реагира бурно на тоа“, изјави Ангелеска.
Таа истакна дека власта не може да сака предвремени парламентарни избори бидејќи нема анкета што не покажува дека сè повеќе и повеќе тоне.
„Колку сте повеќе агресивни и арогантни, обратно пропорционално оди вашиот рејтинг, колку повеќе сте поагресивни и арогантни, уште повеќе ќе пропаѓате. Колку повеќе од вашата уста излегува ЕУ, ЕУ, ЕУ, уште повеќе ќе расте евроскептицизмот бидејќи власта нема европски вредности за да ја споменува Европската Унија“, децидна е Ангелеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло
Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад од кучиња скитници.
„Доктор од Клиничка болница Битола пријави дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники ’Мајка Тереза‘ во Скопје“, соопшти МВР.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.
Македонија
Измамена 76-годишна битолчанка: се претставил како лекар и ѝ зел 7.000 евра за да ја спаси внуката повредена во сообраќајка
Во полицијата во Битола, 76-годишна жена вчера пријавила дека била измамена за 7.000 евра.
„76-годишна жена од Битола пријави дека била измамена од страна на непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и ѝ се претставило како лекар, по што и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да ѝ го спаси животот. Пријавителката заедно со сопругот однеле 7000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот, ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа“, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

