Македонија
(Видео) Андов: Тешко изградивме единство за европска Македонија
Првиот претседател на Собранието на Република Македонија Стојан Андов, заедно со триесетина други пратеници од првиот парламентарен состав, повика граѓаните да излезат да гласаат на референдумот. Тој, како што рече, сега постои единство за идејата за европска Македонија за разлика од 1991 година кога единството многу тешко се градело.
– Тешко можеа Македонците меѓу себе да се усогласат, а уште потешко е што ние не можевме да го најдеме местото на сојузништво и со Албанците, па и со другите претставници на помалите етнички заедници кај нас, и тоа многу нè чинеше, за некои работи дури и луѓе изгинаа. Денес постои формално единство, единство на Македонците, на Албанците, на припадниците на другите помали етнички заедници, единство за европската идеја, Македонија да стане член на НАТО и ЕУ – рече Андов. Сите други работи, филозофии, не сфатиле оти единството ни е единствен излез, истакна Андов.
Пратениците порачаа дека ја искористиле историската шанса да ги удрат темелите на независна и суверена Македонија. Потсетија дека ја донеле декларацијата за независност, декларацијата за членство во ЕУ и НАТО, Уставот, како и одлуката за референдумот.
– Приемот во ОН беше условен со прифаќање на спогодбата со Грција и можевме да кажеме дека сакаме во ОН, но не со референцата ФИРОМ, меѓутоа каде ќе бевме сега? Не згрешивме, ги направивме вистинските чекори во вистинското време. Можете да ги почитувате или не СДСМ и Заев, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски или ДУИ и Ахмети и сите други партии, но Македонија мора да ја сакаме. Вашите ставови за партиите искажете ги на избори, но ова е референдум – рече поранешниот пратеник Алил Џафероски.
Меѓу пратениците беа првиот претседател на Собранието, Стојан Андов, Петар Гошев, Тито Петковски, Васил Зимбаков, Мухамед Халили, Ѓулустана Марковска, Михаил Пановски, Исмет Рамадани и други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

