Македонија
Андоновски: Првпат закон за пристапност на лицата со попреченост до државните веб-страници и апликации
Министерството за дигитална трансформација, денеска организираше јавна расправа за Нацрт-законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор, на која министерот Стефан Андоновски, имаше поздравно обраќање.
Андоновски ја истакна целта на Владата за создавање на целосно инклузивно дигитално општество.
„Создаваме правна рамка што ќе им оозможи на лицата со попреченост, на лицата со оштетен вид, како и на повозрасните граѓани целосно и рамноправно учество во дигиталното општество.“
На јавната расправа беа присутни претставници од државните институции, невладиниот сектор, меѓународните организации и академската заедница, демонстрирајќи го значењето на оваа законска регулатива за македонското општество.
„Овој закон е суштински чекор кон обезбедување целосна пристапност на владините веб-страници за лицата со попреченост. Ова е прашање кои со помош на технологијата, ќе овозможи основни човекови права и еднаков пристап до информации и услуги за сите граѓани”, истакна Андоновски.
Законот, кој произлегува од Директивата на ЕУ 2016/2102, предвидува сеопфатни мерки за обезбедување пристапност, вклучувајќи лесна и разбирлива пристапност до содржината, оперативност на интерфејсот и одржливост на техничката имплементација. За следење на спроведувањето на законот, Министерството за дигитална трансформација ќе се посвети на усогласеноста, обезбедувањето обуки и издавањето технички упатства.
„Нашата визија е јасна – градиме дигитална држава во која секој граѓанин, без исклучок, ќе има еднаков пристап до информации и услуги. Овој закон е дел од пошироките заложби на државата за исполнување на задачите од Реформската агенда, Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост од 2011 година“, нагласи Андоновски.
„Знаеме дека овој процес бара време и ресурси, но ова е инвестиција во подобра иднина во која дигиталната трансформација навистина не остава никого зад себе. Иднина во која технологијата ги руши, а не ги создава бариерите”, кажа министерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

