Македонија
Прекината седницата на Советот на Град Скопје поради неприсуство на Арсовска
Седницата на Советот на Град Скопје, на која требаше да се разгледува предлог-буџетот за градот за наредната година, е прекината поради неприсуство на градоначалничката Данела Арсовска.
„Не знаеме зошто нема претставник на Град Скопје, дали е поради неподготвеност за работа по буџетот, дали вака се брани проектот ‘Модерно Скопје’, дали вака се води Град, ако се нема интенција да се присуствува на седницата, не знам зошто тогаш советниците да присуствуваат за документ што го подготвувал друг. Предлагачот треба да го образложи буџетот пред советниците“, рече Стефан Андоновски, советник во Советот на Град Скопје, на почетокот на денешната седница.
Според него, советниците мора да добијат одговор од Градот зошто буџетот е ваков, која им е визијата за градот.
„Претставниците на Градот, поточно менаџментот, треба да ни каже зошто ваков буџет, дали се соодветно планирани средствата. Дали може со овој предлог да се реализира програмата ‘Модерно Скопје’, додека не добиеме одговор и претставник од Градот, нема услови за работа“, рече Андоновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

