Македонија
Андријана Будимир и Владо Недановски дел од Комисијата за спорт на СДСМ

Претседателот на Комисија за спорт на СДСМ, Наумче Мојсовски, на прес-конференција претстави дел од членовите на новоформираната комисија за кои кажа дека се истакнати спортисти што граѓаните и јавноста ги паметат по успеси на домашната и меѓународна сцена.
Станува збор за Андријана Будимир, Владо Недановски, Игорче Митревски и Дрита Ислами.
Мојсовски нагласи дека во тек е екипирањето на Комисијата на спорт на СДСМ, која, како што рече, интензивно, домаќински и транспарентно ќе работи исклучиво во корист на спортот и спортските работници.
„Цели 11 години спортот и спортските работници беа игнорирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, a за неполни 2 и пол години политиките на СДСМ го враќаат спортот на прав пат. За споредба, во 2016 година за спортот биле одделени само 60 милиони денари, додека за 2019 година, обезбедени се 244 милиони денари“, посочи поранешниот ракометар.
Тој додаде дека преку партнерства со локалните тимови, федерации, организации и другите институции, заеднички ќе работат на надминување на насилствата, расизмост и нетрпеливоста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.