Македонија
Аневски од Јанева побарал делови од предметот „Пуч“
Претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски по средбата со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева изјави дека го побарале „Пуч” од неа, како и нејзино образложение зошто обвинението било повлечено.
„Нам ни требаат делови од предметот врз основа на кои ќе може да утврдиме зошто предметот е повлечен. Се договориме да имаме уште една средба со петте обвинители од СЈО следната недела” изјави Аневски.
Средбата на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски траеше околу половина час, а на средбата се договарала динамиката со која Јанева ќе го достави и ќе го образложи предметот „Пуч“ и нивната одлука за откажување од обвинението.
Како што истакна Аневски, со Јанева се договориле идната недела повторно да имаат состанок. Советот го побарал цел предмет поради што Јанева и уште пет обвинители ќе мора до Советот да ги образложат причините за откажување од обвинението.
Јанева не даде изјава, само кусо рече дека повеќе детали ќе бидат соопштени на состанокот или по средбата со Советот.
По претставка од МВР, Советот на јавни обвинители во јануари побара од СЈО да ги образложи причините зошто се откажува од „Пуч“./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

