Македонија
Антикорупционерите бараат одговорност од Анѓушев поради судир на интереси
На дневен ред на седницата на антикорупциската комисија се два предмета поврзани со вицепремиерот Кочо Анѓушев – едниот поврзан со владина одлука за намалување на царината за литиумски батерии за акумулатори, а втората во врска со градежното земјиште што по пат на непосредна спогодба го добила фирма поврзана со Анѓушев за изградба на хидроцентралата „Тополки“.
По долготрајна дебата меѓу членовите во комисијата, со 4 гласа „за“ и два „против“ комисијата го отвори предметот за владината одлука за намалување на царината за литиумски батерии за акумулатори, а со оваа дејност се занимава единствено фирма поврзана со вицепремиерот.
Анѓушев, според антикорупционерите, не се иззел од вториот дел од постапката и присуствувал на владината седница, каде што била усвоена одлуката.
Антикорупционерите се согласија дека во случајот постои судир на интереси и ќе побараат од Владата и од премиерот Зоран Заев да утврдуват одговорност поради наводно прикривање приватни интереси од страна на Анѓушев.
Во тек е расправата и за случајот „Тополки“, предмет што беше отворен во мај годинава. Во „Тополки“ еден од сопствениците е Кочо Анѓушев преку фирмата „Феро инвест“, а неговиот брат Тодор Анѓушев е управител. Оваа фирма има добиено градежно земјиште по пат на непосредна спогодба во Дреново за изградба на хидроцентралата.
Анѓушев тогаш реагира дека договорот за концесија е добиен и потпишан во мај 2015 година и добивањето на земјиштето е во иста постапка како и за сите електрани што се изградени во државата во последните 10 години.
Тој рече дека сите постапки се почнати во 2015 година во време кога не бил член на Владата ниту, пак, знаел дека некогаш ќе биде, па никако и не можел да изврши влијание.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

