Македонија
Антикорупциската бара Владата да ги урива дивоградбите во Охрид и Струга
Државната комисија за спречување корупција ќе побара од Владата да ги преземе сите активности за да им ги одземе ингеренциите на Општина Охрид, Општина Струга, како и на Дебарца, и таа да ги урива дивоградбите. Причината, според претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, е премалата сума што Охрид во 2019 ја има одделено за ангажирање фирма што треба да ги урне дивоградбите.
„Општина Охрид во 2019 година има еден договор со еден оператор, и тоа од 1,5 милион денари, со пресметан ДДВ. Сметаме дека тоа е премал износ, ДКСК ќе упати барање до Владата да ги преземе сите активности за да им ги одземе ингеренциите на сите општини кои се во овој регион под заштита на УНЕСКО и да се справи со бесправно изградените објекти. Со овие средства може да се урне една дивоградба, а тоа упатува кон тоа дека има селективен пристап. Овој регион е под заштита на УНЕСКО и мислам дека Владата треба да ја преземе надлежноста и да заврши со бесправно изградените објекти“, изјави Ивановска.
Минатата година ДКСК поведе постапка и побара да се поништи тендерот за избор на фирма која требаше да ги урива дивоградбите бидејќи јавната набавка ја доби фирма што се поврзуваше со охридскиот советник Нефи Усеини. Тогаш антикорупционерите рекоа дека службено лице не може да воспостави деловни односи со правно лице кое е во негова сопственост или во сопственост на член на семејството.
Во Охрид, според регистарот на Општината, беше утврдено постење на 1.076 дивограби, од кои 409 во заштитено подрачје. Од нив, две се на охридскиот советник Нефи Усеини, кој без дозвола изгради бетонска база и летна тераса за пицерија, кои со месеци стојат нечепнати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од ул 27 Белимбегово (општина Илинден)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија (општина Илинден)
· во периодот од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците на ул.Љубљанска (општина Карпош)
Македонија
Непречен сообраќај по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.





