Македонија
Антовски: Власта со ново зголемување на цената на струјата од 1 јануари, од 2017 до сега цената е зголемена 50 отсто
Ново зголемување на цената на струјата од 1 јануари поради СДС и ДУИ, вели членот на Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, Стевче Антовски.
„Со доаѓањето на власт на СДС и ДУИ, освен покачување на цената на струјата, не добивме ништо друго. Од 2017 година до денес цената на струјата е зголемена 50 %, но по логиката на СДС, важно нема радиодифузна такса. Станавме земја со уништени енергетски капацитети, која најлошо се снајде во енергетската криза, без доволно домашно производство. Енергетските компании опстануваат единствено преку префрлање пари од буџетот директно во нив за потоа во сметките за електрична енергија да има информации колку Владата нè ‘субвенционирала’. Ама, за жал, од нашите пари“, вели тој.
Како што посочува, додека сè уште сме во шок од масовна партизација и предизборниот поткуп на гласачи со полнење на „Електрани на Македонија“ со речиси 500 вработени, следува нов шок, но овој пат од страна на Регулаторната комисија за енергетика.
„Се зголемува цената на електричната енергија за третиот и четвртиот блок! Во оваа група се наоѓаат повеќето од граѓаните на Македонија, кои се греат на струја, поради тоа што немаат пристап до гас или топлинска енергија за греење. Во средината на декември беше најавена новата измислена давачка на Марко Бислимоски т.н. давачка за пристап на мрежа, кој не е ништо друго, освен нов товар за граѓаните на Македонија, кои едвај врзуваат крај со крај. Овој пат оваа давачка ќе ги удри оние што најмногу штедат. Иако се обидуваат покачувањето на цената да го замаскираат преку нови давачки и покачување на цената во блоковите, секое домаќинство знае дека од 2017 година наваму цената на струјата е покачена речиси 50 %. Од тогаш до сега видовме уништување на енергетските капацитети, погрешна стратегија во енергетиката и пораст на цените на сите производи како резултат на порастот на цената на струјата. Прашуваме: Дали РКЕ непромислено избрза со идејата за враќање на евтината тарифа, па сега измисли нов начин како да ги собере парите назад од граѓаните преку давачката наречена пристап на мрежа и преку зголемување на цената на струјата во третиот и четвртиот блок? Затоа народот на изборите во мај 2024 година ќе мора да ја казни оваа власт со цел да се врати енергетиката на вистинскиот пат. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, завршува Антовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во израелски напади во Газа убиени 17 лица, меѓу нив шест деца
Во израелски напади на северот и југот на Појасот Газа убиени се најмалку 17 Палестинци, меѓу кои и шест деца, соопштија локалните болници, пренесе Би-Би-Си.
Израелската војска наведува дека нападите уследиле откако, според нив, „терористи отвориле оган и тешко раниле еден војник“ на северот на Појасот Газа, во близина на таканаречената Жолта линија, која според договорот за прекин на огнот со Хамас означува територија под контрола на Израел. Како одговор, биле изведени прецизни удари од копнени и воздушни сили, поради, како што наведуваат, „очигледно кршење“ на примирјето.
Болницата Ал-Шифа во Газа соопшти дека примила тела на 13 лица, меѓу кои пет деца, по напади врз шатори и домови во источните квартови Зеитун и Туфа. Во болницата Насер во Хан Јунис биле донесени тела на уште четири жртви, меѓу кои и едно дете.
Од стапувањето во сила на примирјето на 10 октомври, Израел и Хамас речиси секојдневно меѓусебно се обвинуваат за негово кршење. Министерството за здравство во Газа, под контрола на Хамас, наведува дека од тогаш во израелска ватра загинале најмалку 529 луѓе, додека Израел соопштува дека во палестински напади загинале четворица нивни војници.
Македонија
СДСМ му оддаде почит на македонскиот великан Гоце Делчев
Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со членовите на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и Петар Огњеновиќ, денеска оддаде почит и се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев.
„Идеалите на Гоце Делчев за слободна, праведна и напредна Македонија и денес се силен потсетник дека иднината се гради со храброст, знаење и единство. Наша должност е да ги чуваме и живееме тие вредности, секој ден.
Нека е вечен споменот на македонскиот великан Гоце Делчев“.
Македонија
Мицкоски: Очекувам раководството на ССМ да излезе од партиската прегратка и да се договори со Владата во интерес на административците
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека очекува неколкумина од раководството на Сојузот на синдикати да излезат од, како што рече, партиската прегратка и да постигнат договор со Владата во интерес на работниците, односно на административните службеници.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со утрешната средба со УПОЗ и очекувањата, Мицкоски нагласи дека дел од вработените во јавната администрација сè уште немаат договорен Колективен договор со Владата.
„Очекувам да излезат од партиската прегратка тие неколкумина во раководството на Сојузот на синдикати и да се договорат со Владата во интерес на работниците, односно во интерес на административните службеници, бидејќи уште тие, како што многу пати кажав во минатото, уште тие 7.700–7.800 наши колеги немаат со Владата договорен Колективен договор, сите останати имаат“, изјави премиерот.
Тој додаде дека со ваквиот договор Владата, како работодавач, ќе ги заокружи односите со сите вработени до истекот на мандатот.
„Со ова, Владата како работодавач ги заокружува односите до истекот на мандатот на оваа Влада, до 2028 година, со сите оние на чии работодавач директен или индиректен е Владата“, рече Мицкоски.

