Македонија
Апаратите за вода и кафематите можен преносител на коронавирус
Трудовиот инспекторат забранил за употреба 215 кафемати на бензински пумпи и повеќе други локации по градовите, соопшти претседателка на инспекциски совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска. Соопштувајќи ги активностите на инспекторатите, таа напомена дека апаратите за вода и кафематите се можен преносител на коронавирусот, со напомена дека инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство дале насока да не се користат.
„Во периодот од 2 до 5 април од страна на пазарните инспектори се затворени вкупно 48 угостителски објекти во повеќе градови и населени места. Истовремено, инспекторите направија визуелни контроли при што констатацијата е дека поголем дел од угостителите ги почитуваат мерките. Дополнително, Државниот пазарен инспекторат ги контролираше и кафематите на бензинските пумпи, но и други локации по градовите и во овие неколку дена се забранети за употреба 215 кафемати. Освен контролите на угостителските објекти, пазарниот инспекторат ги контролираше замрзнатите цени на одредени производи, па така во овој период се забележани помал број на зголемување на цените“, посочи Филиповска-Грашкоска.
Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до граѓаните да не ги користат кафематите и апаратите за вода бидејќи тие можат да се преносител на коронавирусот.
„Од Агенцијата за храна и ветеринарство се спроведени 208 надзори во повеќе градови, и тоа во маркети, угостителски објекти, месарници, производствени објекти и зелени пазари. Притоа, изречени се две глоби, од кои едната е за непочитување на претходна наредба издадена од инспектор, а другата поради држење на производ без декларација. Изречени се и седум мерки – едукација, поради неспроведени обуки за знаење за безбедност на храна, а издадени се и 15 решенија на месарници и маркети поради лоша хигиенска состојба, при што, веднаш е наредено да се изврши дезинфекција, дезинсекција и дератизација“, додаде Филиповска-Грашкоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), со услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со силен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник ќе има стабилизирање на времето, а утринската температура значително ќе опадне.
Македонија
СДСМ: Со милошевичко – орбанистички пристап, власта го загрози проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“
Од ВМРО-ДПМНЕ да не се прават на Тошо. Ако денес го признаваат хаосот во проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“, тогаш нека кажат и кој го создаде тој хаос. Муцунски, Орце Ѓорѓиевски и Љутков се на власт. Тие го заглавија проектот, го водеа спротивно на закони, без транспарентност, без консултации и без вклучување на културниот сектор. Денес сами признаваат дека бил блокиран, а од кого, од нив, велат од СДСМ.
Од партијата велат дека со нивниот милошевичко – орбанистички пристап кон невладиниот и независниот културен сектор, оваа власт не само што го загрозила кредибилитетот на проектот, туку ги срушила и неговите темели:- плурализам, уметничка слобода и европски стандарди.
„Видовме и која е нивната визија: Скопје престолнина на кичот. Затоа Љутков, наместо да го турка овој европски проект, откако е министер, само се жали дека СДСМ не го одржувала скапо платениот стиропор од Скопје 2014. Културната престолнина не е партиски плен за блиски фирми и „клиенти“, туку европски процес што треба да го води целата културна фела – уметници, институции, независна сцена, академска заедница. Затоа, должни се пред македонската јавност да одговорат: Кoja е нивната визија за проектот? Што точно образлагале во Брисел? Каква програма презентирале? Кои реформи ги гарантираат?“, велат од СДСМ.
Од опозицијата наведуваат дека досега се виделе само импровизации, затвореност, игнорирање на секторот и манипулации за дневнополитички потреби.
„Скопје ќе биде европска престолнина на културата само ако се врати духот на европските вредности: отвореност, транспарентност, професионализам и вистинска поддршка на уметниците. А тоа е невозможно со власт која ја става културата во кафез и ја води како партиски проект, без концепт и без одговорност“, сметаат од СДСМ.
Македонија
Мицкоски на Самитот на лидери во Тирана
Премиерот, Христијан Мицкоски, утре, петок, ќе присуствува на Самитот на лидери „Нашиот план до ЕУ“ кој ќе се одржи во Тирана, Република Албанија.
Предвидено е на панел дискусијата насловена „Исполнување на заеднички обврски, резултати и забрзување“ да се обрати премиерот Мицкоски.

