Македонија
Апасиев избран за прв претседател на Левицата
На Централниот комитет на Левицата беше реизбран досегашниот состав на президиумот. Една од најважните промени во Статутот на партијата е во делот на организациската структура, каде што е предвиден нов основен раководен орган – претседател на партијата, како лице што ја претставува и застапува партијата, избран од редовите на президиумот. За прв претседател на партијата избран е Димитар Апасиев, правниот застапник на Левицата.
„Одиме кон градење хиерархиска централизирана партија со начело на демократски централизам, што е исто така новина за разлика од претходното фракционерско дејствување. Сметаме дека, поучени од искуствата што ни се случуваа во сите овие години, особено со т.н. пучеви и измислени внатрепартиски кризи, дека на овој начин ќе ја консолидираме партијата и дека на наредни избори Левицата ќе стане парламентарна партија со сопствени сили некоалирајќи со ниедна од големите партии“, изјави Апасиев.
На овој пленум, освен членовите на президиумот, имаше обраќања и на дел од делегатите, како и на претставници на поканети левичарски партии од Баскија, Каталонија, Турција, Србија и од Австрија. Тие во своите говори ја изразија поддршката за новоизбраното раководство и политичката насока и програма кон која се стреми Левицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

