Македонија
Арслани: Не покажаа ништо во судницата, па сега сакаат да се пресметаме надвор од неа
Мефаиљ Арслани, адвокатот што го застапува пратеникот од ДУИ, Ејуп Аљими, во случајот на СЈО за изборни нерегуларности „Титаник 3“, за кривичната пријава што обвинителот Гаврил Бубевски денеска ја поднесе против него, вели дека обвинителите од СЈО во судницата не покажале ниту еден аргумент со кој го поткрепуваат обвинението, па сега се обидуваат да се пресметаат со него надвор од неа.
„Не дозволуваат професионално да си ја водиме работата. Нашата арена е во судот со правни аргументи во предметот. Во случајот што тие го застапуваат не приложуваат ниту еден аргумент и одеднаш излегува нешто небулозно. Доколку, како што велат, заканите биле лани, зошто сега се кажува. Не знам дали сакаат да се прикажат како жртви и да се изврши притисок врз судот“, вели Арслани за „Макфакс“.
Адвокатот на Аљими и понатаму тврди дека не упатил никакви закани до Бубевски. Тој вели дека од изјавите на обвинителите може уште веднаш да се заклучи дека тој не се заканувал.
„Првин рекоа дека заканите биле во судот, па во ходниците на судот, па на крајот излезе кај ‘Мавровка’. Ако јас сум се заканил. се знае како се постапува, се повикува полиција, се прави записник. Требало да биде пријавено тоа, од лани до сега сме имале многу рочишта, никој не спомена такво нешто“, рече Арслани.
Адвокатот вели дека не е воспитан да ги дели луѓето на етничка, верска или каква било основа. Тој изјави дека остава на судот да утврди дали се вистинити обвиненијата дека упатил закани до Бубевски.
„Ниту сум воспитан така ниту скроен да се заканам и да ги делам луѓето на таков начин. Сите со кои работам во мојата канцеларија се Македонци, пораснав во Скопје со Македонци, оставам на судот да утврди дали тоа е вистина или не“, вели Арслани.
Во неа стои дека додека сведокот А.И. го управувала возилото во кое се наоѓала обвинителката Фатиме Фетаи обидувајќи се да пронајде паркинг-место, го здогледале Мефаиљ Арслани. Сведокот го отворил прозорецот за да го поздрават и му рекле „Добар ден, Мефо, што правиш, како си“, при што адвокатот Арслани со висок и агресивен тон одговорил: „A бе, еве, не знаеме што да ѝ правиме на оваа пошто е наша (покажувајќи со рака кон Фатиме Фетаи), а на тој каурот матер ќе му расплачеме, фамилија ќе му е*еме“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

