Македонија
Арсовска го искара Советот: Ги оставивте возачите со празни трпези, досега требаше да ги изгласате субвенциите
Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, им изрази поддршка на синдикатите, кои бараат исплата на декемвриската плата како услов за автобусите на ЈСП да продолжат да сообраќаат.
Таа ги повика советниците да ги изгласаат субвенциите, за вработените во ЈСП да земат плата.
„Тие својата плата ја имаат одработено, работат макотрпно. Зошто како советници не сте гласале за таа одлука, лицата што седат во управниот и надзорниот одбор во ЈСП ве имаат гласано токму вас за советници“, нагласи Арсовска и додаде:
„Слушнав во медиумите дека партиски вработувања имало во ЈСП се превработувало претпријатието, но вработувањата не се зголемени. Расчистени се оние што не одеа на работа, оние што не работеа и никакви вработувања нема. Би сакала да ве повикам тука да гласате за вработените да може да ја земат декемвриската плата затоа што ја заслужиле, многу ми е жал што не најдовте доблест ниту за вонредната седница да гласате возачите да ја стават на својата трпеза храната за време на празниците, она што сите можеа да го направат, да си ја однесат својата плата дома и да си ги платат сметките“, порача Арсовска.
Аровска посочи и дека, освен во ЈСП, советниците во Град Скопје сакаат да креираат слична слика и криза и за други претпријатија.
Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утрово од 9 часот се повлекоа во двете автобази во Автокоманда и во Ѓорче Петров. Таму од 10.30 часот протестираат и го чекаат исходот од вонредната седница на Советот на Град Скопје, на која ќе се расправа и треба да се одлучи за исплата на субвенции на ЈСП за декември во износ од 11 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Спасовски 3 месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90 000 евра, ЈО да реагира, бара ВМРО-ДПМНЕ
„Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина од над 5,5 милиони денари или околу 90 000 евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Спасовски ја злоупотребил својата службена положба и овозможил на станицата за технички преглед да се стекне со против правна имотна корист од 90 000 евра додека го чувал во фиока решението за затворање на станицата каде меѓу другите поминал и автобусот на Беса Транс во кој загинаа 45 луѓе во Бугарија.
Зошто Спасовски 3 месеци не го потпишувал решението за затворање на станицата и го чувал во фиока? Дали зад заштитата на Спасовски стои нешто друго?
Зошто Спасовски дури 3 дена по несреќата на Беса Транс го ставил својот потпис на решението?
Колку возила кои ја загрозиле безбедноста во сообраќајот ја поминале контролата на тој технички преглед?
Оливер Спасовски ја загрозил безбедноста на илјадници возачи низ државата. ЈО веднаш да постапи.
СДС наместо да се огради ги штити криминалците во своите редови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Додека Филипче е во опозиција, мигранти во Македонија нема да има, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Во изминатиот период, сведоци сме на конструирање лаги, манипулации, скандали и вештачки теми, кои произлегуваат од СДС. За да го одвлече вниманието од сопствени проблеми, СДС на чело со Венко Филипче, се пушти на најјако во измислување лаги и манипулирање на јавноста“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа не е случајно и тоа сите го знаат. Наместо СДС да се исчисти од Филипче и неговиот ментор Заев, кои ја уништија партијата и ја доведоа до 120 илјади гласа, ти прават се за да останат на чело, на и така распуштената партија.
Од таа причина отвораат разни теми, како и последната со мигрантите. И покрај тоа што сите во државата, но и британскиот амбасадорот негираа дека во Македонија ќе се носат мигранти од Велика Британија, СДС и Венко Филипче продолжуваат само за тоа да зборуваат.
Иако знаат, уште еднаш им повторуваме, додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, во државава никакви мигранти нема да има.
Но, сепак, во државава има некој кој на македонска територија сакал да отвори прифатни центри за мигранти, а за тоа гласал и на владина седница.
Тоа е Венко Филипче, кој како министер во владата на Заев, активно работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци. Ова, Филипче го прави единствениот актуелен политичар кој работел на населување на мигранти во Македонија.
Во 2018 година, како министер во тогашната влада за Заев, Филипче активно учествувал во носењето План за проект за изградба на прифатен центар за мигранти во Бардовци.
На ден 26.01.2018 година, во „Службен весник на Република Македонија“, број 16, страна 189, точка 1.6, стои: „Изработка на државно урбанистичко-планска документација за прифатен центар на странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграции при МВР на КП бр. 35, запишана во Имотен лист бр. 2140 за КО Бардовци.“
Од ова е многу очигледно дека Венко Филипче и СДС имале партиска и државна политика за населување мигранти и да не бил тогашниот притисок од ВМРО-ДПМНЕ, денес во Македонија ќе имаше мигранти.
На СДС, а посебно на Филипче кој сè уште е продолжена рака на Заев, на ваквото глумење загриженост и некаква одбрана на државата, никој не му верува. Ни на повикот за протести никој нема да им одговори, дури ни нивните последни поддржувачи и членови.
Затоа што и народот и членовите на СДС јасно гледаа и се срамат од овој двоец кој, освен што го има киднапирано СДС, и од опозиција продолжува да ја контаминира и Македонија. Сите добро знаат дека и така наречената декларација и темата за мигрантски кампови, се само обиди за спас на криминалите на Заев и Филипче.
Нема да можат да дефокусираат со измислени теми и одговорност за криминалот ќе има, а тоа што треба СДС и Филипче да направат е да им се извинат на граѓаните за ширењето паника, сеењето страв и лажењето.
Сè додека Филипче е во опозиција, мигранти во Македонија нема да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Почината жена пронајдена во дупка во атарот на гостиварско Неготино: за едно осомничено лице одреден краткотраен притвор
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде беше пронајдено тело на засега неидентификувано починато лице закопано во дупка.
Поради сомненија дека станува збор за жена која била претходно пријавена за исчезната со индиции дека била противправно лишена од слобода, јавниот обвинител нареди обдукција и идентификација на починатото лице и прибирање траги од лице место.
Во текот на ноќта беа преземени повеќе истражни дејствија, по што за едно осомничено лице е одредена мерка краткотраен притвор од 48 часа за обезбедување докази, додека уште едно лице е задржано и за него се вршат проверки.
По наредба на јавниот обвинител се преземаат дејствија за целосно испитување на настанот.

