Македонија
Арсовска: И новите директори нема да бидат заштитени ако работат спротивно на довербата на граѓаните
Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, не одговори дали очекува во иднина граѓаните да трпат поради немањето мнозинство во Советот на Градот. Таа најави дека ќе испорачува проекти, а на сите директори им порача дека функциите не им се вечни.
„Ќе сториме сè што е во наша моќ да продолжиме да испорачуваме проекти во интерес на градот. Дали ќе биде подобро, дали ќе трпи или ќе биде полошо, тоа во секој случај времето ќе каже. Она што можам јас да кажам е дека мора да работиме за заштита на интересот на граѓаните и средствата“, посочи Арсовска.
Таа додаде дека активностите на терен, на најавените проекти, продолжуваат.
„Ниту една функција не е дадена од сега засекогаш и нормално е дека ако постојат некои работи што не задоволуваат активности за реализација на проектите, мора да постои соодветна одговорност. Пред она што е јавен интерес, не сметам дека треба да се застане во одбрана на која било јавна функција од овој тип“, додаде таа.
Градоначалничката не сакаше да одговори зошто требаше таа да се скара со ВМРО-ДПМНЕ, па да се види дека директорите што се разрешени не си ја извршувале функцијата.
„Довербата е дадена од граѓаните да се чува буџетот. Таа доверба не смее да се изневери. И овие директори, кои се именувани, нема да бидат заштитени ако прават нешто спротивно на довербата на граѓаните“, додаде Арсовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)
Македонија
Облачно со повремени локални врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

