Македонија
Арсовска: Со реконструкција на улицата Бутелска се зголемува безбедноста во сообраќајот за повеќе од 25.000 граѓани
Градоначалничката Данела Арсовска и градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, денеска го означија почетокот на градежните работи за реконструкција на дел од улицата Бутелска.
„Улицата Бутелска е најпрометната улица во општина Бутел и е во исклучително лоша состојба. Нејзината обнова е значајна за повеќе од 25.000 граѓани што транзитираат низ општината, како и за поврзување на населените места. Со овој проект се реконструира улицата Бутелска на потегот од крстосницата со улицата Александар Урдаревски до натпатникот на државниот пат А2 пред населбата Радишани. Во текот на градежните работи на улицата Бутелска се нанесува нов асфалт на површина од 7.687 квадратни метри. Обновата на коловозот на улицата Бутелска, пред сè, ќе ја зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот, а ќе овозможи и подобар проток на возилата“, рече Арсовска.

За реконструкција на улицата Бутелска, Град Скопје ќе вложи околу 14,5 милиони денари со ДДВ, при што за реализација на овој проект постигнато е намалување на цената со електронска јавна аукција и заштеда од над 40 % од проценетата вредност на проектот.
Значајно е да се нагласи дека за неполн месец од почнувањето на градежните работи на улицата Скоевска во населбата Радишани, која не е реконструирана повеќе од четири децении, проектот за реконструкција на овој дел од улицата Бутелска е втор поголем проект од ваков тип во општината Бутел за неполн месец, а во општината Градот продолжува и со креирање нови зелени површини.
На подрачјето на оваа општина Град Скопје подготвува и други нови инвестиции, а сакам да најавам дека во наредниот период ќе ги почнеме и постапките за реконструкција на улицата Радишанска, најави градоначалничката Арсовска.
Градоначалникот на општина Бутел, пак, денеска ја нагласи добрата соработка со Град Скопје во реализацијата на значајни проекти за граѓаните.
„Со реконструкцијата на овој дел од улицата Бутелска решаваме едно барање на граѓаните од овој дел од општината и ги олеснуваме функционирањето и движењето на жителите, но и на сите оние што се упатуваат кон натпатникот на државниот пат А2 пред населбата Радишани. Безбедноста на граѓаните за нас е од исклучително значење, па во таа насока продолжуваме да работиме на нови проекти“, рече Костовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
РСБСП Апелира: Возете внимателно и одговорно во зимски услови!
Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите, РСБСП потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска опрема. Пред поаѓање на пат, неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови.
„Направете проверка на возилото која вообичаено опфаќа: проверка антифриз, нивото на гориво, состојба на бришачите и течноста за ветробранското стакло, состојбата на акумулаторот и состојбата и притисокот на пневматиците“.
РСБСП апелира возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација, навреме да се информираат за состојбата на патиштата и нивната проодност, да ја прилагодат брзината на движење според условите и состојбата на патот, да одржуваат безбедно растојание меѓу возилата – со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Истражувањата покажуваат дека неповолните временски услови бараат од возачот поголемо внимание за време на управување со возилото.
Затоа, РСБСП упатува јасен апел: Само со одговорно однесување во сообраќајот сите заедно можеме да придонесеме за побезбеден сообраќај на патиштата – секој живот е важен.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.

