Македонија
Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан го одликува градоначалникот Ѓорѓиевски со орден за посебен придонес
Со одлука на архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, и врз основа на уставот на МПЦ, денес, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски беше одликуван со орден за посебен придонес, кој го носи името на првиот поглавар на возобновената МПЦ-ОА – „Архиепископ Доситеј“.
„Ова е посебен ден, кој ќе го паметам целиот мој живот! Денес, со одлука на архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, и врз основа на уставот на МПЦ, одликуван сум со орден за посебен придонес! Признание што многу мал број луѓе го имаат добиено во историјата на МПЦ. Ова одличие ‘Архиепископ Доситеј’, кое го носи името на првиот поглавар на возобновената МПЦ-ОА, е признание за мојот придонес за поставувањето на крстот во Драчево и за реконструкцијата на храмот ‘Света Петка’ во Црниче. Како човек, кој е израснат во семејство кое ги почитува верата и традицијата, мојата водилка секогаш е Бог. И, секогаш, колку што можам, ќе им помогнам на сите, на Црквата и на нашиот народ. Да се трудиме да станеме подобри луѓе, да има добра мисла помеѓу нас и секогаш да си подаваме рака – тоа е мојата вековна мисија! Сакам да изразам огромна благодарност до неговото блаженство, г.г. Стефан, кој секогаш е моја поддршка и ми дава мудри совети, како и Светиот синод за оваа чест, сакам од срце да им се заблагодарам и што успеаја да донесат светлина во ова време, да го сплотат нашиот горд македонски народ и да влеат надеж за да опстоиме“, рече Ѓорѓиевски.
Тој ум се заблагодари и на својот тим, на граѓаните и на семејството.
„Денес, мојата радост е огромна, продолжуваме уште посилно и мотивирано“, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.
Македонија
Новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците, децата од центарот за рехабилитација
Традиционално и годинавабеа доделени новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците- децата од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација-Битола.
Дедо Мраз предизвика радост кај децата, а од името на Општина Битола празниците им ги честиташе секретарот на општината Борче Димитровски.
Во овој Центар кој работи со деца со посебни потреби денеска беше предновогодишно весело.
Македонија
Втора вечер од „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода: Либеро Бенд, Антониа Гиговска и Оле Поцкова во парк Шопен
По успешниот старт на „Новогодишната приказна“, која вчера ја исполни oпштина Кисела Вода со енергија и убаво расположение, вечерва во паркот „Шопен“ продолжува програмата наменета за сите генерации и вкусови, соопштија од општината.
Настанот е отворен за сите граѓани, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во празничниот амбиент со новогодишни куќарки, украси и содржини наменети за целото семејство.
Втората вечер започнува во 19 часот и ќе ја отвори Оле Поцкова од „Зевзекманија“ со монодрама. Потоа сцената, после 20 часот ќе им припадне на Либеро Бенд, а вечерта ќе ја заокружи настапот на Антониа Гиговска. Водител на настанот е Миро Кацаров. Општина Кисела Вода ги поканува сите граѓани да се приклучат на втората вечер од „Новогодишната приказна“ и да уживаат во празничниот амбиент со своите најблиски.

