Македонија
АСНОМ е света кратенка која нė држи будни во негувањето на патриотизмот, изјави Костадиновска-Стојчевска од Прохор Пчински
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска беше дел од државно-црковната делегација која денеска го посети манастирот „Св. Прохор Пчински“ во Република Србија, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година.
Костадиновска-Стојчевска од „Прохор Пчински“ рече дека со почит кон нашата историја и со вера во нашата иднина, го славиме Илинден и продолжуваме напред, заедно.
„Стоиме горди на местото каде се удрени темелите на нашиот јазик, државност и идентитет.
Манастирот „Св. ‘Прохор Пчински’ засекогаш ќе остане во нашата меморија и со длабока почит, додека е векот и светот, ќе им се поклонуваме на нашите херои, на нашите визионери, на нашите ослободители.
АСНОМ е светата кратенка која мора да нė држи будни. Таа е копнеж, храброст, патриотизам на поколенија македонски јунаци, илинденци и партизани, кои ги поставија темелите за остварување на идеалите за слободна и своја држава“, рече Костадиновска-Стојчевска.
Министерката за култура порача дека и денеска се поклонивме на ова, за нас, историско место, пред спомен плочата на Манастирот која сведочи дека тука, пред 79 години, се одржа Првото заседание на АСНОМ и, потстеи дека меѓу другото, во Декларацијата се запиша: „Се забрануваат и прогонуваат сите фашистички и профашистички дејствија, оти се против слободата…“.
На овој ден, 2 август 1944 г., македонскиот јазик е прогласен и за службен јазик во македонската држава.
Делегацијата беше предводена од претседателот Стево Пендаровски заедно со потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Викарниот Епископ Хераклејски г. Климент и претставници од Сојузот на борците на НОБ. Тие го посетија манастирот „Св. Прохор Пчински“ и положија свежо цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ.
Македонската делегација во „Прохор Пчински“ беше пречекана од претседaтелот на Србија, Александар Вучиќ и од Епископот врањски г. Пахомије, по што двете високи делегации го разгледаа манастирскиот комплекс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

