Македонија
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Економскиот факултет при УКИМ потпишаа меморандум за соработка
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Економски факултет Скопје, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” потпишаа меморандум за соработка, со цел заеднички да придонесуваат кон развојот на е-трговијата и развивањето на способностите, дигиталната писменост и градењето на капацитети во секторот за е-трговија во Република Македонија.
Меморандумот за соработка, што воедно претставува и пристапување на Економски факултет во почесно членство во Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, го потпишаа претседатот на АЕТМ, Нина Ангеловска и деканот на Економски факултет, Љубомир Дракулевски.
“Овој меморандум ми претставува посебно задоволство и чест. Едно, затоа што јас лично се градев тука за време на додиполмските и магистерските студии, а потоа и дадов придонес кон науката со мојот докторски труд во полето на е-трговијата. А второ, затоа што едукацијата е клучна за нашата земја и особено за дигитализацијата. Еден од главните предизвици е токму ниската дигитална писменост на населението на кое можеме да работиме заедно со Економскиот факултет” – вели Нина Ангеловска, претседателот на Асоцијација за е-трговија на Македонија.
Потписниците на Меморандумот, соработката ќе ја остваруват преку споделување на релевантни информации од областа на е-трговијата, заеднички ќе придонесуваат за развојот на соодветни програми од областа на е-трговијата за потребите на корисниците на услугите, како и преку споделување на тековни и нови искуства, релвантни за областа на дејствување и соодветната целна група.
“Работата на Асоцијацијата за Е-Трговија е од особено значење за развојот на електронската трговија во Македонската економија како помеѓу крајните корисници така и помеѓу компаниите. Има уште многу работи на кои може да се работи и да се унапредуваат. Економскиот факултет при Универитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје е пионер во едукацијата и развојот на оваа научна област во Република Македонија, и оваа соработка со Асоцијацијата за Е-Трговија е од особено значење за понатамошниот развој и унапредување на состојбите во оваа област.” – изјави Дракулевски.
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија продолжува да ја зголемува соработката со високо образовните институции, со цел да ја зголеми вклученоста на професорите а особено студентите во растот и развојот на е-трговијата. Едукацијата е клучен елемент за новокреираната индустрија. Од особена важност е вклучувањето на студентите како носечка алка, во забрзување на развојот на е-трговијата и да придонесе кон поголеми знаења од оваа област како интегрален дел од процесот на дигитализацијата.
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се стреми кон инклузивна е-трговија, а преку потпишување низа меморандуми со засегнатите страни од областа, има за цел да креира иднина за раст на е-трговијата и успех во рамките на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет
Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата.
Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење.
При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје.
Ќе бидат преземени и други дејствија на проверки, соопшти обвинителството.
Македонија
Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството, велат од СДСМ
Гоце Наумовски, кој е надворешен советник на премиерот Мицкоски за правни работи, е предлог за нов уставен судија кој се очекува да биде изгласан наскоро, истакнуваат од СДСМ.
„Кадровско решение од кабинетот на премиерот во највисоката судска инстанца во државата.
Дополнително, Гоце Наумовски е брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции од ВМРО, Васко Наумовски, со што политичките релации и влијанија се уште еднаш потврдени.
Власта ги зема под целосна своја контрола судството и обвинителството.
Го сменија јавниот обвинител и планираниот избор на обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет. Сега советник на Мицкоски во Уставниот суд“.
Според СДСМ, додека Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат, носат закони за правосудатво кои се спротивни на препораките на ЕУ.
„Тотална партизација на државата, партиски контролирано судство, судии и обвинители од тефтерчињата. Исто како во времето на Никола Груевски.
Следува целосно погребување на правдата и правната држава“.

