Македонија
Ахмети: Народот одлучува дали ДУИ ќе се уништи или не
Денес пред стружани се обрати претседателот на ДУИ, Али Ахмети со своите соработници, кој им се заблагодари на сите за поддршката, барајќи на 8 мај да биде запечатена големата победа за да се придвижи државата напред.
“Денеска дојдов со една цел, да ви се заблагодарам за големата поддршка овде во Струга, за тековната мисија. Механизмот што ги распостранува содржајните зраци на платформите се челниците на штабовите, мобилизирачката гарда за да се продре до целта. Платформата “Да за Европа, Не за Русија” беше наша, опозицијата сакаше само уништување на ДУИ, ги разбирам и двете затоа што им удри сонцето, но народот одлучува дали ДУИ ќе се уништи или не, 24 април го докажа тоа и потврди дека ДУИ не се распаѓа, но сега оваа ДУИ работи и делува, и со неа има уште 8 субјекти и овој Фронт на 24 април се соочи со опозицијата “ВРЕДИ”, а на 8 мај се соочуваме и со ВМРО. Нашата мисија продолжува, сакаме земјата да биде полноправна членка на ЕУ, бидејќи немаме друга алтернатива, на земјата и треба повеќе мир, безбедност, стабилност бидејќи недалеку од нас има големи војни и Европа е загрижена и покрена мобилизација на воената технологија. На 8 мај мора да победи субјектот чија мисија е членството на земјата во ЕУ, бидејќи успешно го завршивме членството во НАТО, од кое корист имаат сите граѓани”, рече Ахмети.
Ние не сме себични како политичка партија, ние сме за општиот интерес заедно со другите етникуми, бидејќи од нас се бара да бидеме заедно за да направиме некои промени кои државата ги бара за да оди напред, вака истакна кандидатот за пратеник, Муса Џафери кој додаде: Во 2014 година ветивме дека земјата ќе стане членка на НАТО, сега е членка, а денес ветуваме дека во следниот мандат земјата ќе стане полноправна членка на ЕУ.
Јетон Шаќири како координатор на зоната им се заблагодари на претседателите на штабовите и на сите активисти и соработници кои беа активни на денот на изборите и пред претседателот на ДУИ Али Ахмети гарантираше дека на 8 мај ќе бидат поуспешни отколку на 24 април.
Во меѓувреме, кандидатите за пратеници Арјета Ала, Атиџе Ајро и Мухамед Халили истакнаа дека Европскиот фронт пред се претставува предизвик, посветеност и обврска и дека изборната единица број 5 заслужува повеќе за достоинствено претставување, а 8 мај ќе ја запечати големата победа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор
„ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае што му е работата“, напиша градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на социјалните мрежи.
„Знаат пред некој ден да склучат договор од 2,2 милиони евра за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор.
Еве да ги потсетиме на договорот што го склучиле за одржување и косење на дворот во Влада и тоа за 330 илјади евра!“, додаде Арсовска.
Техничкиот премиер Талат Џафери, по отчетот за сработеното во првите 100 дена од Владата што ја предводи, даде објаснување за порасната трева околу Владата за што имаше многу реакции од граѓаните. Одговарајќи на новинарско прашање за тревата, Џафери објасни дека тоа е обврска на Град Скопје.
Скопје
После 30 години целосно е реконструирана улицата ,,Марко Орешковиќ” со краците
После 30 години целосно е реконструирана улицата „Марко Орешковиќ” со нејзините краци. Обновата на оваа сообраќајница која имаше видливи оштетувања беше големо барање од жителите од овој дел на општината кои се жалеа на лошите сообраќајни услови и за возилата и за пешаците и претставува целосно исполнување на ветувањето што им го даде градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, известува општина Кисела Вода.
„Обновата низ целата Кисела Вода која досега опфати преку 50 км улици и патишта не запира. Улицата „Марко Орешковиќ“ која сега е комплетно реконструирана, во минатото беше сообраќајница која имаше големи оштетувања кои го отежнуваа движењето и за пешаците и за возилата, но и покрај тоа, не била реконструирана над три децении. Зафатот се одвиваше на потегот од улицата „Мариовска“, опфаќајќи ја улицата „Марко Орешковиќ“ и нејзините краци.
Улицата добива и паркинг простор за уште поголемо олеснување на сообраќајот. Во овој дел од општината живеат околу 800 лица кои до поранешните раководства на Општината, цели три децении упатувале барања за реконструктивни активности, но за жал, досега не наишле на позитивен одговор. Тоа денес е минато. Она што од мене им беше ветено, денес е реализирано во целост! И овде не застануваме. Продолжуваме со градежните активности низ сите населби и населени места за да бидеме уште еден чекор до целта – до крајот на мојот мандат, а и многу порано од тоа, Кисела Вода да нема неасфалтирана улица! Мојот народ заслужува“, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот
ЈП Паркови и зеленило преку писмено соопштение се огласи во врска со прашањето дали имаат склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот на Владата.
„Таков договор со Владата нашето претпријатие нема склучено. ЈП Паркови и зеленило е надлежно за одржување на зеленилото во парковите, булеварите, собирните и магистрални улици кои се под надлежност на Град Скопје, како и Парк шумите Водно, Гази баба, СРЦ Сарај и Матка.
Останатото зеленило во населбите и помеѓу блоковите е под надлежност на општините, додека пак дворовите во сите институцции се обврска за одржување на самата институција (било да се работи за болница, поликлиника, државна агенција, министерство, па и Влада). Во сите овие институции има општи служби кои треба да се грижат за овие прашања, или треба да склучат договор со ЈП Паркови и зеленило за уредување или одржување на нивните дворови, по кој договор ние понатаму би постапувале. Во случајов таков договор со Владата претпријатието нема склучено“, се наведува во соопштението на ЈП Паркови и зеленило.
ЈП Паркови и зеленило испратија јавно достапен документ за тоа кој треба да го одржува дворот на Владата.