Македонија
Ахмети се сретна со германската амбасадорка: Што побргу конституирање на Собранието и влада
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денес во Тетово се сретна со германската амбасадорка Анке Холштеин.
Ахмети ѝ честита на амбасадорката Холштеин за новата функција и се заложи за продолжување на блиското пријателство и соработка со Германија изразувајќи голема благодарност за досегашниот придонес на Берлин за нашата земја и регионот.
Изборниот процес од страна на соговорниците се оцени како демократски и во согласност со меѓународните стандарди, а сега се очекува конституирање на Собранието и влада што побргу.
Предизвиците пред нас се големи, преговорите со Европската Унија, економското заздравување и соочувањето со пандемијата, но и остварувањето на изборните програми, затоа и консолидацијата на
институциите не смее да доцни.
Ахмети ги истакна црвените линии на ДУИ и на Албанците, Охридскиот, преспанскиот и договорот за добрососедство, но и реформите за исполнување на европските стандарди и нашите изборни ветувања.
Двајцата се договорија за продолжување на дијалогот и соработка и во иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.
Македонија
Утре без вода дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарната Илинден
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (19.02.2026) поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.(општина Чаир)
Македонија
Стојаноска: Парите за минималецот може веднаш да се најдат, дел на Водно кај хациендите на Филипче, дел во Дубаи и дел во Струмица по масите на хотел Парк
Како СДСМ може да обезбедат пари за минимална плата? Да го вратат она што го испокрадоа во време на нивното 7 годишно владеење, напиша во објава на социјалните мрежи Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако ова не го сторат самите, тогаш многу скоро низ судски процеси ќе враќаат сѐ што испокрадоа, заедно со казни затвор за истото.
А, ако случајно во Буџетот ги најдат парите за кои зборуваат, тогаш веднаш ќе ги пренамениме за хуманитарни цели.
Инаку, парите за минималецот може веднаш да се најдат – дел на Водно (кај хациендите на Филипче), дел во Дубаи и дел во Струмица (по масите на хотел “Парк”)“, додава Стојаноска.

