Македонија
„Ахмети ќе ја соопшти големата вест“ – ДУИ најави обраќање во живо на „Фејсбук“
Демократската унија за интегрцаија (ДУИ) објави дека утре во 11 часот, партискиот лидер Али Ахмети ќе им се обрати на граѓаните преку директен пренос на неговата страница на социјалната мрежа „Фејсбук“.
„Ахмети ќе ја соопшти големата вест“, информираа од ДУИ преку допис до медиумите.
Изминатиот период јавноста е во исчекување кого ќе предложи ДУИ за претседателски кандидат, откако обединетата албанска опозицијата го претстави Арбен Таравари од Алијансата за Албанците како нивен избор за шеф на државата на претстојните претседателски избори. Потоа, во дел од медиумите се појавија шпекулации дека ДУИ ќе го кандидира Али Ахмети, а Таравари јавно го повика првиот човек на интегративците да си ги измерат силите. Сепак, вчера премиерот Талат Џафери рече дека Ахмети не претендира за ниту една државна функција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од ул 27 Белимбегово (општина Илинден)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија (општина Илинден)
· во периодот од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците на ул.Љубљанска (општина Карпош)
Македонија
Непречен сообраќај по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.





