Македонија
(Видео) Бачев: Македонија е загрозена од хемиско оружје, но не од Русија, туку од НАТО
Македонскиот бугараш во моментов министер за надворешни работи, Никола Димитров, го изгубил компасот бидејќи безбедноста на Македонија навистина е загрозена од хемиско оружје, но не од Русија, туку од друга адреса, поточно од бомбите со ураниум што НАТО ги фрлаше при злосторничката агресија на СР Југославија, а чии последици ги трпиме до ден денес, изјави претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, во врска со протерувањето на рускиот дипломат од Македонија.
Според Бачев, оваа одлука на Димитров е преседан во меѓународните односи, како една држава ја користи сопствената дипломатија против сопствените интереси.
За претседателот на Единствена Македонија ова е антимакедонска и антидржавна одлука со што беше навредена интелигенцијата на народот, кажувајќи дека одлуката е поради заштита на безбедноста во Македонија.
– Македонија протерува дипломат на Русија која никогаш не го довела во прашање територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, а од друга страна власта се солидаризира со Велика Британија, која во 1948 година фрлаше напалм бомби врз Македонците во Беломорска Македонија, рече Бачев.
Тој исто така истакна дека Велика Британија се залага за промена на македонското име и идентитет и редефинирање на Македонија по што тврди дека британскиот амбасадор Чарлс Гарет на претседателот Иванов му покажал мапа каде што Република Македонија е кантонизирана.
По одлуката на МНР да го протера рускиот дипломат од руската амбасада реагираа дека последиците од оваа одлука, за која сметаат дека е провокација, ќе ги сноси македонската страна.
Од друга страна, пак, амбасадорот на Велика Британија, Гарет, ја поздрави оваа одлука на МНР и се заблагодари за солидарноста.
Според претседателот на Единствена Македонија, рускиот дипломат кој ќе биде протеран од земјава веќе 15 години е во државата и не бил опасен за никој досега.
Бачев истакна дека на наредните избори неговата партија ќе победи и за оваа одлука ќе одговараат надлежните органи и функционери, кои патем ги нарече изроди.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 10.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Михаил и Ефтихиј и Георги Димитров. (општина Кисела Вода)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), со услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со силен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник ќе има стабилизирање на времето, а утринската температура значително ќе опадне.
Македонија
СДСМ: Со милошевичко – орбанистички пристап, власта го загрози проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“
Од ВМРО-ДПМНЕ да не се прават на Тошо. Ако денес го признаваат хаосот во проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“, тогаш нека кажат и кој го создаде тој хаос. Муцунски, Орце Ѓорѓиевски и Љутков се на власт. Тие го заглавија проектот, го водеа спротивно на закони, без транспарентност, без консултации и без вклучување на културниот сектор. Денес сами признаваат дека бил блокиран, а од кого, од нив, велат од СДСМ.
Од партијата велат дека со нивниот милошевичко – орбанистички пристап кон невладиниот и независниот културен сектор, оваа власт не само што го загрозила кредибилитетот на проектот, туку ги срушила и неговите темели:- плурализам, уметничка слобода и европски стандарди.
„Видовме и која е нивната визија: Скопје престолнина на кичот. Затоа Љутков, наместо да го турка овој европски проект, откако е министер, само се жали дека СДСМ не го одржувала скапо платениот стиропор од Скопје 2014. Културната престолнина не е партиски плен за блиски фирми и „клиенти“, туку европски процес што треба да го води целата културна фела – уметници, институции, независна сцена, академска заедница. Затоа, должни се пред македонската јавност да одговорат: Кoja е нивната визија за проектот? Што точно образлагале во Брисел? Каква програма презентирале? Кои реформи ги гарантираат?“, велат од СДСМ.
Од опозицијата наведуваат дека досега се виделе само импровизации, затвореност, игнорирање на секторот и манипулации за дневнополитички потреби.
„Скопје ќе биде европска престолнина на културата само ако се врати духот на европските вредности: отвореност, транспарентност, професионализам и вистинска поддршка на уметниците. А тоа е невозможно со власт која ја става културата во кафез и ја води како партиски проект, без концепт и без одговорност“, сметаат од СДСМ.

